Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Петков даде временска рамка од шест месеци, и најави надградба на односите со Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Петков даде временска рамка од шест месеци, и најави надградба на односите со Македонија

ПЕТКОВ ДАДЕ РОК ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ

Новиот бугарски премиер Кирил Петков сигнализира дека Софија е подготвена да стави крај на блокадата на европскиот пат на Северна Македонија. Вели дека ќе предложи куса, шестмесечна рамка за надминување на спорот.

„Ќе и предложиме нов процес на Северна Македонија, многу брз, со лимитирана временска рамка, долга само шест месеци“, ова го вели Кирил Петков во интервју за Фајненшл Тајмс.

Тој вели дека сака 100 процентно да ја усогласи политиката на официјална Софија со онаа на ЕУ и НАТО. Најавува дека сака нов почеток во разговорите со Северна Македонија.

„Ќе формираме работни групи за да најдеме решенија за прашањата од заедничката економска активност, инфраструктурата, културата и историјата“, вели тој. 

Петков не очекува да има проблеми во надминување на спорот со соседот од страна на партијата ИТН која ја предводи шоуменот Слави Трифонов, чиј кандидат Теодора Генчовска ќе го предводи Министерството за надворешни работи во новата влада. 

КОВАЧЕВСКИ ЈА ОБЈАВИ БИОГРАФИЈАТА

Новоизбраниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски кој се уште е и заменик министер за финансии ја сподели својата биографија, а откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека на Харвард завршил само курс. Вели дека за време на кампањата на внатрепартиските избори воопшто не зборувал за образованието и професионалните усовршувања. 

„Денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое намерно се изнесуваат невистини, ме принудува да го споделам моето резиме, а со тоа и вистината за образованието и вештините кои ги имам стекнато во животот. Тие се транспарентно објавени на повеќе места на интернет, вклучително и на сајтот на Министерството за финансии. Како што пишува, имам стручно усовршување на Харвард, а такви усовршувања имам уште на три други универзитети во Ротердам, Барселона и Минхен. 

ДЕНЕС ИМА 353 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.162 тестирања, а регистрирани се 353 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 174, Прилеп – 42, Битола – 27, Кавадарци – 22, Куманово и Велес – по 13, Валандово – 9, Охрид – 8, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6, Тетово – 5, Кочани – 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци – по 2, Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Орхан Муртезани, портпаролот на Алетернатива. може слободно да мисли на својот нов политички ангажман, откако повеќе не е управител на транспортната компанија Оки Транс Логистик.

Кој правец ќе го фати најголемата владејачка партија, откако синоќа Димитар Ковачевски и формално застана на чело на социјалдемократите, а многу скоро се очекува да го замени Зоран Заев и на премиерската позиција на Илинденска број два? Дали новиот лидер ќе практикува поинаков тип на водство од тоа на Заев и како ќе ги менаџира меѓукоалицските односи?

Експертската јавност во Македонија веќе наговестува дека во периодот на божикните и новогодишните празници, омикрон варијантата ќе пристигне во земјава, пред се поради зголемените патувања. 

ЕВН Хоме како Универзален Снабдувач на електрична енергија ја прифати понудата на АД ЕСМ од 41 евро за мегаватчас за ценатат на струјата во 2022 за првата половина од годината. Старата цена беше 36,1 евро по мегаватчас.

Слично

Поврзани вести