Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пет наши граѓани чекаат евакуација од Газа, а во Скопје во пукање се ранети две лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пет наши граѓани чекаат евакуација од Газа, а во Скопје во пукање се ранети две лица

ПУКАЊЕ ВО СКОПЈЕ

Oд полицијата велат дека во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан.

„Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на  телефонските броеви 192 или 112“, велат од полицијата. 

ПЕТ НАШИ ГРАЃАНИ ЧЕКААТ ЕВАКУАЦИЈА ОД ГАЗА

Неколку наши државјани чекаат евакуација од Појасот Газа. Петмина македонски граѓани, меѓу кои две деца чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа. 

Станува збор за брачна двојка и татко со две мали деца. Мајката на децата, која е палестински државјанин има издадена виза. Ова го изјави идниот македонски амбасадор во Тел Авив Шпенд Садики. Тој денеска реферираше пред пратениците на Комисијата за надворешни работи во Собранието.

Издадени се патни листови за децата кои немале пасош, а мајката на децата е палестински државјанин и за неа е издадена виза.

Новиот амбасадор изјави дека ние имаме мала дијаспора во Израел и дека бројката на наши граѓани таму се движи меѓу 200 и 300.

МЕЧКА НАПАДНА ЧОВЕК ВО ПЛАСНИЦА

Мечка вчера го нападна 76-годишниот Минче Рамчески, жител на селото Пласница. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов се сретна со човекот кого го нападна мечка. 

Човекот раскажа дека тргнал да бере дренки. Седнал да испуши цигара, по што мечката го удрила, го турнала на земја и го гризнала. Рамчески кажа дека мечката била многу голема, а тој викал „помош“. Раим Рамчески, ловец кажа дека пукале во воздух неколку пати откако слушнале дека човекот вика.

И МУХАМЕД ЗЕЌИРИ Е ОПФАТЕН СО ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

Судењето на поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири денеска се врати на почеток поради измените во Кривичниот законик, со кое сега му се предвидува казна затвор од 1 до 5 години, за разлика од претходно, кога му се ставаше на товар кој предвидуваше минимална казна затвор од 5 години а максимална 20 години.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пред една година ја заврши истрагата и во Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против Зекири дека преку нарачана физибилити студија за евентуална приватизација на АД Пошта и Македонски Железници - Транспорт тој недозволиво прибавил безмалку 1,5 милиони евра лична корист.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За набавка, транспорт, монтажа, он-лајн систем за мониторинг и резервни делови на нов енергетски трансформатор од турско производство МЕПСО ќе плати 4,9 милиони евра. Станува збор на 400/110 kV трансформатор од 300 мегаволт ампери. Ист таков трансформатор МЕПСО пазарил кон крајот на 2019 година од словенечкиот производител Колектор Етра за 2,9 милиони евра.

Најголемата бугарска компанија за онлајн обложување Телематик Интерактив Бугарија влегува со бизнис одлука во Македонија.

Во релативни бројки во овој период го држиме под 60 отсто од вредноста на бруто-домашниот производ, со што сме во границите на Мастришките критериуми, но во апсолутни суми факт е дека тој неумоливо расте од квартал во квартал, од година во година.

Од среда, само еден воз дневно ќе сообраќа на релација Скопје – Битола и обратно. Битолчани велат дека намалувањето на линиите секако негативно ќе влијае на дел од нивните сограѓани, кои патувале со воз кон главниот град.

Слично

Поврзани вести