Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пет историски личности ќе ги славиме со Бугарија, а предложени се и корекции за учебниците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пет историски личности ќе ги славиме со Бугарија, а предложени се и корекции за учебниците

ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИТЕ ЛИЧНОСТИ ЌЕ ГИ СЛАВИМЕ ЗАЕДНО СО БУГАРИЈА

Комисијата за историско-oбразовни прашања, согласно потпишаниот Протокол со Бугарија, денеска заедно со Министерството за надворешни работи ги објави препораките со кои заеднички ќе се слават Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методи, Св.Климент и Св.Наум, што подоцна ќе бидат испратени на усвојување од страна на Владата.

Препораките кои само што ги објави Министерството за надворешни работи може да ги погледнете тука.

- Главни критериуми беа презентацијата на универзланите вредности на тие личности и придионесот во развивањето на христијанската култура и традиција и придонесот за сесловенската писменост. Се трудевме текстовите да имаат малку поширојк и порегионален акспект. Тие личности овозможуваат да бидат заеднички чествувани од Макеоднија и Бугарија, туку и пошироко и ќе придонесат за пододбрување на односите на двата народи, рече академикот Драги Ѓоргиев, ко-претседавачот на комисијата.

ЌЕ ИМА ПРОМЕНИ И ВО УЧЕБНИЦИТЕ

Комисијата за историско-oбразовни прашања, согласно потпишаниот Протокол со Бугарија, денеска заедно со Министерството за надворешни работи ги објави препораките за пет измени за предметот историја за 5 клас во Бугарија, како и исто толку бугарски препораки за 6 одделение за Македонија за античкиот период. 

„Фактор“ целосно ги пренесува препораките: 

Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија и за 6-то одделение во Република Северна Македонија 

ОШТЕТЕНИ МАКЕДОНСКИ ВОЗИЛА ВО ГРЦИЈА

Шест македонски возила изгребени со остар предмет се пријавени во саботата вечерта во гратчето Переа, во близина на Солун. 

Од нив 3 возила се од Скопје, 2 од Прилеп и 1 возило од Битола, објави ТВ Сител. Сопствениците на возилата не дочекале случајот да го пријават во полиција, а од мештаните биле советувани да ги прекриваат регистрациските таблички.

КОМЕНТАР ЗА НАЈНОВИТЕ ПРОВОКАЦИИ

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ вели дека свирежите за време на „Peace Festival“ или фестивалот на мирот на плоштадот Скендербег во Скопје не биле иницирани од политички субјекти.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска вели дека провокација е и денешниот случај кога членови на Здружение на Бугари во земјава го чистело споменикот на Гоце Делчев во Скопје и притоа на него поставиле бугарско знаме.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Македонија годинава допатувале руски, но и украински туристи иако тие се во помал број. 

Најуспешните 30 компании лани оствариле добивка поголема од 635 милиони евра и во државниот буџет само по основ на данок на добивка уплатиле барем 60 милиони евра! 

Стручните лица кои ги контактираше „Фактор“ за мислење во врска со потпишаниот договор на Владата со „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ за фабрика во индустриската зона во Тетово за производство на малите електрични автомобили e-GO се уште не сакаат да зборуваат јавно и отворено. 

Поскапувањето на струјата ги здрма и граѓани кои интензивно трагаат како да постават сончеви панели на своите покриви со цел да ги намалат сметките за струја или пак целосно да се исклучат од енергетскиот систем. 

Првата монетарна куќа, односно Народната банка, повторно има потреба од нови вработувања, а овој пат тоа ќе бидат главно економисти кои ќе работат во пооделните дирекции, иако повторно се бараат и информатичари. Дел од нивните плати ќе бидат навистина примамливи и ќе изнесуваат и над 55 илјади денари.

Слично

Поврзани вести