Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пензионерите излегоа на протест, бараат повисоки пензии за достоинствен живот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пензионерите излегоа на протест, бараат повисоки пензии за достоинствен живот

ПЕНЗИОНЕРИТЕ БАРААТ ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ

Покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии побараа на денешниот протест пензионерите. 

На протестот, кој се одржа во Жена парк, во Скопје пензионерите посочија дека не се работи за партиски туку за егзистенцијален протест.

Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.

ФЕТАИ СО ДВЕ ДИСЦИПЛИНСКИ ПОСТАПКИ

Обвинителката Фатиме Фетаи доби две дисциплински постапки, од кои една за соработка со обвинетиот новинар Марјан Доказ, а втората поради нестручно постапување. 

Како што дознава „Макфакс“, покрај поранешната обвинителка на СЈО, вакви две дисциплински постапки има и за втор обвинител - Сашо Рајчев.

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност ќе ги разгледува доставените докази.

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЗАОСТАНЕ ЗАД АЛБАНИЈА

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук вели дека Македонија ризикува да заостане зад Албанија во преговорите со Европската Унија(ЕУ). 

Тој нагласи дека потребни се реформи, но и уставни измени. Според него, никој не поставува нови услови. 

„Без промена на Уставот, Република Северна Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, вели бугарскиот европратеник во интервју за БГНЕС. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ЕСМ во текот на јули и август купи електрична енергија на слободниот пазар за сума од 7.625.000 евра во летен период кога вообичаено се продаваат вишоци, наместо да се купува увозна струја.

Речиси двојно се намалил берзанскиот промет во јули во однос на јуни годинава, покажува најновиот Билтен на Берзата за седмиот месец од 2023. 


Слично

Поврзани вести