Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендиков на интервју во Бугарија кажа дека во Македонија се учела лажна историја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендиков на интервју во Бугарија кажа дека во Македонија се учела лажна историја

ПЕНДИКОВ ДАДЕ ИНТЕРВЈУ ЗА БУГАРСКА ТЕЛЕВИЗИЈА

Охриѓанецот Христијан Пендиков, ексклузивно за БТВ изјави дека сака да се врати во Македонија и да каже дека е Бугарин. 

Ова е негово прво појавување по нападот во Охрид, по што Софија со владин авион го однесе на лекување во Бугарија. Тој објасни дека во Охрид го тепале затоа што се пишувал дека е Бугарин. Медиумот пренесе дека тој претходно бил македонист, но потоа осознал дека е македонски Бугарин, а денес како што самиот рече дури и мајка му добивала закани по живот. Тој тврди дека во Македонија било нормално да се пцујат и тепаат луѓе, а полицијата ја обвини дека не преземала мерки. 

ТРАЈАНОВ СЕ НАДЕВА ДЕКА КОВАЧЕВСКИ НЕ Е ЗАЛОЖНИК НА ДУИ

Се надевам дека Ковачевски не е заложник на ДУИ, изјави Павле Трајанов од Демократскиот сојуз. Тој вчера го напушти владиното мнозинство. 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека „се надева дека Трајанов нема да стане заложниик на Димитар Апасиев како што е Христијан Мицкоски“. Трајанов вели дека тоа е ниско ниво на комуникација. 

ЗЕМЈОТРЕС ВО РОМАНИЈА

Урнати покриви и уништени возила има во Романија, каде денеска имаше земјотрес.

Видео снимката на каналот EU Top News,  покажува дека Романците се излезени на улица.  Земјотресот од 5.7 степени денеска е регистриран во 13 часот и 16 минути на длабочина од 10 километри, на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин. Вчера во Романија имаше земјотрес со јачина од над 5 степени. Во рок од десетина дена силни земјотреси имаше во Турција, Сирија, а сега и во Романија. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За не дај боже ситуации, отсега натаму земјава ќе чува и ориз во своите стокови резерви. Ако досега, за непредвидени состојби, како што се војни или вонредни состојби, или пак, елементарни непогоди и еколошки катастрофи, односно суши, поплави, земјотреси, загадувања и слично, во стоковите резерви се складираа пченица, пченка, јачмен, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински средства, отсега натаму на овие производи ќе им се придружи и оризот.

Вкупно 14 милиони евра акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје ќе подели за плати оваа година, пишува во одобрениот финансиски план на контролното тело за 2023.

Данчо Нивички од Битола преку платформата couchsurfing за 3-4 години бил домаќин на над 200 гости од целиот свет. Го понудил својот дом за странци кои доаѓаат во Македонија, со цел да се дружи, да стекне нови пријатели, но и да ги запознае со убавините на Битола.

Стравот од болеста штенечак со која се заразуваат кучињата е се поголем кај граѓаните на Скопје кои имаат свои миленици и кои за Фактор тврдат дека при секојдневните прошетки се сведоци на болни улични кучиња, оставени сами на себе.

Слично

Поврзани вести