ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендиков ќе добие сместување во Бугарија, а полицијата ги уапси лицата кои го демолираа македонскиот клуб
ПЕНДИКОВ ЌЕ ДОБИЕ СМЕСТУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА И ДРЖАВЈАНСТВО
Охриѓанецот Христијан Пендиков останува во Бугарија. Тој таму ќе добие сместување, но и државјанство во најкус можен рок.
Бугарскиот шеф на дипломатијата, Николај Милков денеска на прес-конференција кажа дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Пендиков, кој со бугарски владин авион го однесоа на лекување во Бугарија по тепачката во Охрид, во најбрз можен рок ќе добие бугарско државјанство, пренесе БНТ.
Милков вели дека Пендиков се плаши за својот живот ако се врати во Македонија и затоа се размислува и за можноста да му се даде и лично обезбедување.УАПСЕНИ ЛИЦАТА КОИ ГО КАМЕНУВАА МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ ВО БЛАГОЕВГРАД
Бугарската полиција привела четири лица кои признале дека го искршиле македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.
РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА
Трогателен момент на раѓање на нов живот под урнатините ја разнежни планетата по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, при што загинаа најмалку 5.000 луѓе.Ројтерс објави шокантна снимка од Хатај на границата на Турција со Сирија во која доброволци им помагаат на спасувачите.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Домашната градежна компанија Фабрика Карпош ќе земе кредит од 850 илјади евра од Прокредит банка.
