Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендиков дојде на суд, но судењето се одложи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендиков дојде на суд, но судењето се одложи

СЕ ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ ПЕНДИКОВ

Адвокатот на Илија Спасески, наводниот напаѓач на Христијан Пендиков во Охрид, по денешното рочиште во изјава за медиумите рече дека обвинението било поднесено со брзање под политички притисок. Следното рочиште кога и самиот Пендиков треба да даде исказ е закажано за 12 јули.

Адвокатот Димитар Цобоски ги немал, како што рече, сите докази на разгледување, ва додаде и дека во меѓувреме имало измени во извештајот од медицинското вештачење.

– Имало страшно брзање да се поднесе обвинение. Иако и тогаш можеле да се обидат да направат прочистување на снимката, но не успеале, сепак поднеле обвинение и сега дополнително предлагаат докази. Тоа не може така, наведе Цобоски.

НЕВРЕМЕ ВО НЕГОТИНО

Силно невреме денеска околу пладне го зафати подрачјето на Општина Неготино.  ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 противпожарни ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода.

Обилните врнежи од дожд предизвикале поплавување на неколку деловни објекти и куќа во селото Дисан.

НА ПОВИДОК Е ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА

Поскапување за 13 проценти би имало кај цената на струјата доколку се прифатат барањата на компаниите. Ова го кажа првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски кој истакнува дека веќе се пристигнати сите барања од компаниите.

Тој посочува дека РКЕ во наредниот период ќе ги анализира  барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец.

ЗАПАДОТ ЈА КРИТИКУВА ПРИШТИНА

Екс министерот за надворешни работи на Косово, Петрит Селими тврди дека три земји членки на ЕУ бараат суспензија на безвизниот режим за Косово.Тој вели дека ова се драстични и неприфатливи потези. 

Селими вели дека информациите му се од европскиот Комитет за политика и безбедност.

Селими објави дека тие три земји размислуваат да побараат суспензија на средствата од ИПА-фондовите и на визната либерализација за Косово поради ескалацијата на ситуацијата на северот од Косово. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Оваа година дефинитивно нема да има дивиденда за акционерите на „Скопски пазар“. Таа одлука вчера ја потврди и Собранието на акционери на оваа наша домашна компанија.

Македонските умни глави се на браникот на татковината! Сепак не е кај нас се толку црно и тешко. Има Македонија со што да конкурира на светот, има иднина за нас.

Собранието на акционери на Скопската рафинерија ОКТА дефинитивно пресече - ќе има исплата на дивиденда на вкупна сума од три милиони евра. 

Странските инвеститори кои работат во земајва се повеќе се одлучуваат својата добивка која ја остваруваат во земајва, водено и да ја реинвестираат, што значи таа ќе биде зачувана во земјава. 

Компанијата за производство на висококвалитетни алуминиумски системи „Алумил“ е присутна во Македонија веќе 23 години. Со цел да им го олесни процесот на селекција на своите клиенти, „Алумил“ во четврток ќе го отвори својот нов изложбен салон, каде што купувачите ќе можат да се запознаат со нивните производи и да ја проверат нивната функционалност. 

Штипскиот бизнисмен Кирил Гогов од вчера повеќе не е сопственик на ланецот маркети Кит-Го, откако официјално заврши превземањето од страна на косовската компанија Вива Фреш. Тоа е објавено и во Централен регистар по поднесена пријава.

На чело на најстариот и најуспешниот Универзитет во Македонија, „Свети Кирил и Методиј“ застанува професорката од Економскиот Институт, Билјана Ангелова, која по вчерашниот избор за ректор извојува убедлива победа пред останатите пет кандидати.

Секое лето има пријави за запалени стрништа кои се опасност за појава на пожари на поголеми површини и овој потег им штети и на земјоделците.

Слично

Поврзани вести