Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендиков доби бугарско државјанство и најави дека ќе студира во Бугарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендиков доби бугарско државјанство и најави дека ќе студира во Бугарија

ХРИСТИЈАН ПЕНДИКОВ СВЕЧЕНО ДОБИ БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО

Ќе учам меѓународни односи и човекови права за да помогнам на Бугарите во Македонија, изјави Христијан Пендиков за БГНЕС.  Момчето планира да студира во Бугарија. 

Тој вели дека сега се чувствува поспокојно, затоа што ќе оди во Македонија за судење, а Бугарија ги штити неговите интереси.  Тврди дека добивал закани по живот. Пендиков рече дека пораснал во Охрид, сите спомени му се таму, а Бугарите треба како што вели да се чуваат едни со други. 

Инаку, бугарската потпретседателка Илија Јотова денеска свечено му врачи бугарско државјанство на Пендиков. На почетокот на годинава, три лица во Охрид го нападнаа Пендиков, по што Бугарија со владин авион го однесе на лекување во Софија и оттогаш е таму. 

Проблемот со Бугарија не е наивен, вели Ванчо Шехтански од ТМРО за студио 10 на тв 24. 

Вели дека доделувањето на бугарско државјанство на Христијан Пендиков е за привлекување на внимание. Потенцираше дека со затворањето на Преспанскиот договор сме отвориле ново прашање со Бугарија.

ДЕЦА ВО ТЕТОВО ОСТАВИЛЕ ПИСМО СО ЗАКАНИ ВО ШКОЛСКИ ТОАЛЕТ

Деца од Тетово на возраст од 11 години направиле список со имиња на соученици и закани. Тие завршија во полиција откако во тоалет оставиле писмо со закани. 

„Денеска, во присуство на нивните родители, психолог и педагог, извршен е службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава во СВР Тетово дека во тоалет во основното училиште каде учат оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани кон нив“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

СРБИТЕ ПРЕДАЛЕ НАД 3.000 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ

Граѓаните на Србија досега предале повеќе од три илјади парчиња оружје.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја соопшти информацијата. Тој денеска за телевизија Пинк изјави дека граѓаните на Министерството за внатрешни работи му предале и десетици илјади парчиња куршуми и експлозивни средства.

„Тоа е добра вест, бидејќи ризикот е многу помал за граѓаните на Србија. Сега добивам писма во кои ми велат дека не убива оружјето, туку злосторничкиот ум, но очигледно не можеме веднаш да откриеме кои се тие умови, затоа ова е важна акција и добро е што ја започнавме оваа акција“, рече Вучиќ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Панични повици за недостиг од работници. „Во Германија има потреба од толку и толку илјади“, „Земјата ги олеснува условите“, „Во Хрватска нема кој да работи во прекрасните ресторани на Јадранот“, „Хрватска и ги краде сезонците на Црна Гора“ ..., се само дел од насловите кои секојдневно ги пренесуваат медиумите. 

Македонската берза за електрична енергија денеска по првиот ден од стартот на својата работа формираше референтна цена од просечни 115 евра, што е само за 3 евра помалку од денешната цена на интернационалната референтна берза HUPX.

Помеѓу 10 и 20 денари по парче или по килограм се зголемени цените на производите во малопродажба во последните две години. 

Панични повици за недостиг од работници. „Во Германија има потреба од толку и толку илјади“, „Земјата ги олеснува условите“, „Во Хрватска нема кој да работи во прекрасните ресторани на Јадранот“, „Хрватска и ги краде сезонците на Црна Гора“ ..., се само дел од насловите кои секојдневно ги пренесуваат медиумите. 

Слично

Поврзани вести