Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски повика да го задржиме европскиот курс, за опозицијата говорот бил празен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски повика да го задржиме европскиот курс, за опозицијата говорот бил празен

ПЕНДАРОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДРЖАВАТА МОРА ДА ОСТАНЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Претседателот Стево Пендаровски во традиционалното предновогодишно обраќање во Собранието побара државата системски и навреме да ги маргинализира оние кои пропагираат антицивилизациски вредности и така да се заптитиме од потенцијални убијци.

Посочи дека крајот на 2023 година ни ја донесе најголемата тага во последната деценија и рече дека преку личната трагедија на малата Вања и нејзиното семејство можевме да ја видиме целата патологија на македонската транзиција.

„Требаше секој од нас, а посебно ние политичарите, многу почесто и погласно да зборуваме против овие појави, наместо да веруваме во моќта на нашиот демократски систем дека ќе може да ги толерира и апсорбира ваквите екстреми. За жал, потфрли и севкупниот општествен систем затоа што во името на некаков погрешно разбран демократски плурализам не ги оневозможи овие индивидуи од натамошно загадување на јавниот простор“, констатираше претседателот Пендаровски. 

ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА РАЗЛИЧНО ЈА ТОЛКУВААТ ИЗЈАВАТА НА ГАБРИЕЛ

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бугарската министерка за надворешни работи, Марија Габриел им ја плесна вистината, односно како што рече власта лаже дека уставните измени се последна пречка. 

Вели дека тој и партијата цело време предупредуваат за истото. 

„На јавна сцена се виде дека Маричиќ, Зечевиќ, Ковачевски, Ахмети, Османи и Груби го лажат народот во Македонија дека ова е последната пречка, не е последната“,  рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека ова е само почеток на проблемите што следуваат затоа што без општествена поддршка и без консултации со опозицијата потпишаа договор со цел да го завршат својот проект две години власт.

526 ЛИЦА ДОБИЈА ИЗВОДИ

Со измените на Законот за матична евиденција ги решивме животните прашања на околу 526 човечки судбини, за кои досега е извршен упис во матичната книга на родените на 409 лица, а другите 117 лица ќе бидат впишани до крајот на годината, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

На денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои не биле досега евидентирани во матичната книга на родените, премиерот истакна дека овие проблеми се веќе минато.

Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не можеа да склучат брак, ниту пак да го регулираат статусот на нивните деца. Едноставно ги немаше во системот на државата. Овие проблеми се веќе минато. Со измените на Законот за матична евиденција ги решивме животните прашања на многу наши граѓани, рече премиерот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поранешниот градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски, покрај тоа што продава и монтира фотопанели, сега ќе произведува и електрична енергија. Синот на Зоре Темелковски бизнисот со електрична енергија го започна за време на енергетската криза, откако му заврши градоначалничката функција.

На македонската берза за струја, организирана од државниот оператор МЕМО, во ноември беше истргувана струја за 6,79 милиони евра. И тоа е најголем промет во последните три месеци. Просечната цена за истргуван мегаватчас изнесува 103,4 евра, но среќлија успеа да купи струја за 5,6 евра за мегаватчас. Но имаше и такви кои што платија 244 евра за мегаватчас

Со цел успешно и навремено завршување на сите обврски, и професионални и семејни, секојдневно прави „ребаланс на времето“. Супспецијалист по трауматологија, но и директор на една од најзначајните здравствени установи во земјава, проф. д-р Христијан Костов, во денешното интервју за Фактор открива дел од новините кои ќе се случуваат во наредниот период, а говори и колку му значи поддршката од сопругата и нивните двајца синови. 

И оваа година имаме блага зима. Граѓаните се во исчекување на снежни врнежи кои би создале покривка и на пониските места во државата.

фото Фејсбук/Стево Пендаровски

Слично

Поврзани вести