ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски порача дека е потребна кристално јасна, чиста правна и политичка процедура за промена на Уставот
ПЕНДАРОВСКИ БАРА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ
Претседателот Стево Пендаровски во своето предновогодишно обраќање во Собранието порача дека е потребна кристално јасна и чиста правна и политичка процедура за промена на Уставот. На опозициските пратеници им порача да не чекаат прво да дојдат на власт па да гласаат за уставните измени.
– Прво, дека самата содржина на конкретниот предлог, впишувањето на Бугарите и делови од други народи во Уставот, на ниту еден начин не го руши македонскиот идентитет, и второ, тие што се денес против, ако навистина веруваат дека ЕУ е нашата стратешка цел, нашата стратешка константа од 1991-та до денес и ако се денес против, како ќе гласаат за оваа уставна промена кога ќе бидат на власт, изјави Пендаровски.Пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов најавија дека ќе ја бојкотираат 96-та пленарна седница, на која е планирано традиционалното годишно парламентарно обраќање на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Велат дека одбиваат да учествуваат во формалистичкиот театар на т.н. „шеф на државата“, кој ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, сè почесто, како што велат од Левица во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели“.ЌЕ ИМА НАДЗОР ВО ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА
Од Управата за извршување на санкции информираат дека ќе направат вонреден надзор во затворот во Струга, откако денеска во Кривичниот суд не беше спроведен Сашо Мијалков на рочиштето за „Титаник 2“.
-Во врска со постапката за спроведување на Сашо Мијалков од КПД Струга на повторено судење за случајот „Титаник 2“ ве информираме дека Управата за извршување на санкции ќе ги преземе сите активности кои се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор во установата за утврдување на фактичката состојба.MAKEДОНИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ПЛАТИ ЗА КРШЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО „ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ“
Македонија ќе треба да плати 25,6 мииони евра казна за кршење на договорот со поранешен „Хеленик петролеум“, објавија грчки и француски медиуми. Арбитражниот суд во Париз пресуди во корист на грчката енергетска компанија која пак бараше 32 милиони евра.
Грчката енергетска компанија ја тужеше Македонија поради неисполнување на договорните обврски за купување најмалку 500.000 тони мазут од Грција на годишно ниво.РОГОЗИН Е РАНЕТ ВО ДОЊЕЦК
Поранешниот шеф на руската државната корпорација Роскосмос, Дмитриј Рогозин зборуваше по гранатирањето на хотел и ресторан во Доњецк во кој бил и самиот. Од гранатирањето тој бил повреден, но медиумите пренесуваат дека тој е добар и изјавил: Жив сум, ќе преживеам.
Претходно медиумите објавија дека Рогозин таму го прославил роденденот, а Рогозин истакнал дека имал работна средба таму, со напомена дека некој кажал дека е присутен во објектот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
