Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски порача дека без идентитет не ни треба членство, а Бугарија го потврди ветото

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски порача дека без идентитет не ни треба членство, а Бугарија го потврди ветото

ПЕНДАРОВСКИ ВО ОБРАЌАЊЕТО ЈА НАГЛАСИ ВАЖНОСТА НА ИДЕНТИТЕТОТ

Претседателот Стево Пендаровски го започна своето предновогодишно обраќање пред пратениците во Собранието со едноминутно молчење. Ваквиот гест беше во знак на почит и сочувство кон сите оние што ги загубија животите во борба со корона вирусот. Шефот на држават им се заблагодари на сите оние кои учествуваат во спаравувањето со ковид пандемијата.

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и Левица го пречекаа Пендаровски во салата со транспаренти против актуелната власт, а потоа си заминаа. Пендаровски своето обраќање го продолжи само пред пратениците на владејачкото мнозинство. 

Нема потреба да има референдум со прашање дали би го замениле идентитетот, заради влез во ЕУ бидејќи исходот однапред се знае, рече претседателот Стево Пендаровски во предновогодишното обраќање пред пратениците во Собранието.

СОСЕДНА БУГАРИЈА ГО ПОТВРДИ ВЕТОТО

Владата на Република Северна Македонија и во овој случај, по повод денешните заклучоци на Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР) изразува разочарување што ЕУ не најде начин да донесе позитивна одлука за усвојување на Преговарачката рамка, што ќе овозможеше првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија да се одржи до крајот на 2020 година, за време на германското претседавање со ЕУ.

„За жал, се потврди ветото на Бугарија со кое не се дозволува почеток на преговорите на нашата земја во ЕУ, иако според сите извештаи на европските институции ние ги исполнивме сите критериуми за да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за да започнат преговорите. Ние испорачуваме, а ЕУ не ги одржа своите ветувања и во овој момент не го добиваме правилниот одговор.

НОВИ НАД 800 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-330, Куманово-28, Дебар-12, Штип-22, Прилеп-47, Тетово-42, Струга-24, Велес-35, Битола-42, Охрид-36, Кавадарци-38, Гостивар-29, Гевгелија-33, Струмица-25, Крива Паланка-3, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево –2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-15, Кратово-2, Свети Николе-8, Кичево-18, Ресен-7, Неготино-26. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравени пациенти од: Скопје-248, Куманово-31, Дебар-8, Штип-26, Прилеп-35,  Тетово-34, Велес-33, Битола-28, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-44, Гевгелија-13, Струмица-32, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-15, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-7, Ресен-6 и Неготино-15.

Починати се 25 лица, десет пациенти од Скопје (50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73), еден од Куманово (81г), двајца од Штип (63 и 51г), тројца пациенти од Прилеп (85, 59 и 44г), еден од Тетово (73г), двајца од Струга (81 и 89г), еден од Велес (78г), еден од Охрид (83г), еден од Кавадарци (69г), еден од Гостивар (66г), еден од Струмица (70г) и еден пациент од Радовиш (68г). Пациентите се починати во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Радост Николаева, уметнички менаџер, од Движењето за уметност „Круг“ и една од потписничките на Отвореното писмо со кое се бараше Бугарија да не ја блокира Македонија, за Фактор вели дека сепак на крајот би требало разумот да надвладее и да се дозволи земјава да го почне преговорите со Европската Унија.

За да има пари за вакцините, за надоместоците како награда на медицинските лица, но и за дел од економските мерки Владата одлучи да прераспредели 20 милиони евра од буџетот, пари кои веќе ги имале други институции за други потреби. Прераспределбата на буџетските пари сега чека усвојување во Собранието. 

Народниот правобранител во заминување, Иџет Мемети, кој 16 години раководеше со оваа престижна државна институција, нема да чека воопшто за да си најде нова, можеби уште поубава, и секако, добро платена работа. Тој ќе биде еден од членовите на Советот за јавни обвинители, тело што го следи работењето на сите обвинители во државата.

Да се биде усогласен значи дека банката е соодветно организирана и подготвена да продолжи, но тоа го гарантира и интегритетот, репутацијата и препознатливата сигурност што пак од друга страна креираат директна врска со стабилноста и профитабилноста на Банката, вели во интервју за Фактор Робертино Николоски, Главен директор за усогласеност со прописи и правни работи во УНИБанка. 

Слично

Поврзани вести