ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски нема да ја помилува Катица Јанева
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕМА ДА ЈА ПОМИЛУВА КАТИЦА ЈАНЕВА
Претседателот Стево Пендаровски го одбил барањето за помилување на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева.
При тоа, од Кабинетот на претседателот на државата посочуваат дека негативно мислење дала и Комисијата за помилување.
- Претседателот го одби барањето за помилување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Исто така и Комисијата за помилување, која е советодавно работно тело во Кабинетот на претседателот, даде негативно мислење по барањето, наведуваат од таму.ОСМАНИ САКА ДА ГИ ПОМИРИ ЕРМЕНИЈА И АЗЕРБЕЈЏАН
После дијалогот Србија - Косово, министерот за надворешни работи Бујар Османи ги поканил на дијалог за помирување и шефовите на дипломатиите на Ерманија и на Азервејџан во Охрид, брифираат извори од Владата.
Османи како претседавач со ОБСЕ има намера од Охрид да направи центар за помирување на страни помеѓу кои имало конфликт, а еден од поновите такви беше во Нагорно Карабах кој траеше 40-тина дена.
Според информациите, поканети се тројцата министри за надворешни работи на Азербејџан, Ерменија и Грузија. Понудени им се три термини за средба и во моментов се чека одговор од таму кој датум би бил најповолен.КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЗАСТОЈОТ ВО ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ НЕ ОДГОВАРА НИКОМУ
Тој што ја кочеше 11 години евроинтеграцијата е во Европа, а ние чекаме, вели македонскиот премиер Димитар Ковачевски за екс премиерот Никола Груевски кој доби азил во Унгарија.
Рече дека евроинтегративнот процес е неповратен, не може да запре, но од лични причини на поединци може да се забави.
ПОЧИНА ДЕВОЈЧЕ ПОВРЕДЕНО ВО МАСАКРОТ ВО БЕЛГРАДВо Детската клиника во Тиршова утрово почина девојчето кое беше тешко повредено во масовното пукање во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3 мај, потврдија за РТС од Министерството за здравство.
Девојчето кое беше најтешко повредениот пациент по масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ почина во Детската клиника во Тиршова, јавуваат српските медиуми.
Како што соопшти Министерството за здравство, и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување, утрово починал пациент кој бил лекуван со тешки повреди опасни по живот на Универзитетската детска клиника во Тиршова.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
