Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски и Силјановска-Давкова кандидати за претседател од своите партии

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски и Силјановска-Давкова кандидати за претседател од своите партии

ПЕНДАРОВСКИ И СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски. 

Партиски извори информираат дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 - ти март ќе биде и официјалната промотивна конвенција.

За Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, од партијата ја информираат јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денеска. 

Велат дека на истиот се пријави проф-др Гордана Силјановска-Давкова која поднела план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

Во петок почнува собирањето потписи за кандидатурата на професорката Билјана Ванковска за Претседателските избори пролетва. 

Градоначалникот на општина Карпош, воедно и претседател на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски исто така ќе се испроба во претседателската трка. 

СЕМЕЈСТВОТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ Е РАЗОЧАРАНО

Семејството на Леонид Индов вели дека најмалку што очекувале е негативна одлука од Фондот за здравствено осигурување со оглед на состојбата на 18 годишното момче. Тие се разочарани од системот, но се благодарни на граѓаните. 

„Ние сме приморани на ваков чекор затоа што друг метод не знам дали би профункционирал освен мито, врски и пријатели во нашава држава ништо друго не функционира. Јас би сакал да ги прашам тие што потпишаа негативно и сакам да ми одговорат во нивното решение стои дека за состојбата на Леонид може да се лекува и третира во нашата држава, но не пишуваат каде. Вие да сте ја прочитале состојбата на Леонид каква што е дека тој е во животозагрозувачка опасност, не би донеле ваква одлука и јас најмалку што очекував е дека лекарската комисија ќе донесе ваква одлука“, вели Бранко Индов за Тв 24.

Семејството ќе поднесе жалба до второстепената комисија и очекува Фондот да ја промени одлуката.

СИТУАЦИЈАТА СО ГОЛЕМА КАШЛИЦА Е ПОД КОНТРОЛА

Епидемиолошката состојба со големата кашлица е под контрола но не е и најстабилна, истакна денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски по редовниот состанок. Вели дека досега се потврдени вкупно 56 случаи на голема кашлица, од кои 46 се во Скопје, но бројот се зголемува, односно сега се во пораст бројките и на повозрасната популација. Сега имаме случаи на голема кашлица кај адолесценти и повозрасни.

-До денеска се потврдени вкупно 56 случаи. Од нив 14 се деца под една година, 9 се дополнително се на возраст од 1-4 години. Од вкупниот број 16 се невакцинирани, 12 се некомплетно вакцинирани. Сега се појавуваат адолесценти, деца на возраст од 10 до 14 години и повозрасни и веројатно во текот на следните недели ќе има промена на демографската структура на позитивните случаи, очекуваме кај повозрасните да се потврдува почесто оваа болест“, изјави д-р Петличковски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

И покрај тоа што се соочува со судски процес за геноцид во Газа пред судот во Хаг, израелската десна влада не попушта и продолжува да ја урива Газа и да ја убива нејзината цивилна популација. Израелската економија бомбите на израелската армија ја чинат над 25 милијарди долари само во последните три месеци од 2023 година

Кога таткото заработува и е затрупан со работни обврски тогаш е херој кој се грижи за семејството, а често истото е обратно за мајката која наидува на осуди дека е себична ако работи.

Дел од граѓаните често менуваат работни места, поради различни причини, како ниска плата, лоши услови за работа, лоша работна атмосфера.

Двајца соседи од Студеничани како директор и заменик директор ќе раководат со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ. Новопоставениот директор Зулфи Адили е од истото населено место од истоимената општина крај Скопје како и неговиот заменик Сами Рушиди.

Управната зграда на некогшниот градежен гигант „Бетон“ во Скопје, која по покренувањето на стечајната постапка се најде на продажба преку „НЛБ“ и понатаму го чека својот нов сопственик.

Откако Фактор пишуваше за завчерашната блок трансакција во која поминаа 2.000 акции на Комерцијална банка по цена многу пониска од просечната по која редовно се тргува на Берзата, односно по 12.700 денари за акција, наместо по 16.500 денари која се смета за некој просек по кој се тргуваат тие акции во овој период, а за што го поставивме прашањето кој доби специјален попуст, денеска се откриваат деталите што точно се случило.

Слично

Поврзани вести