Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски го потпиша Указот за измените на Кривичниот законик, од кабинетот велат не е предвидена амнестија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски го потпиша Указот за измените на Кривичниот законик, од кабинетот велат не е предвидена амнестија

ПЕНДАРОВСКИ ГО ПОТПИША УКАЗОТ НА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

Претседателот Стево Пендаровски денеска одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. 

Со измените во Кривичниот законик, усвоени од Собранието, не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата. Напротив, казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што со овие измени акцентот е ставен и на т.н. проширена конфискација на имот.

„Во тој дел, измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела“, велат од кабинетот. 

ИМА РЕАКЦИИ ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, вели дека македонскиот народ мора да го препознае троецот СДС-ДПМНЕ-ДУИ, како злосторничко здружение.

Додава дека без кворумот обезбеден од ВМРО-ДПМНЕ, Кривичниот законик немаше да биде донесен. 

„Вака, ДПМНЕ со помош на СДС-ДУИ си ги амнестираше функционерите за милионски криминал, на чело со Груевски. Замислете, веќе денес пратеникот Игор Јанушев од ДПМНЕ, доби условна казна од 2 години за 5 милиони евра криминал во ЈСП. Реалноста е побизарна од скеч на К-15. Додека функционерите на СДС-ДПМНЕ-ДУИ ќе добиваат само условни казни, обичен народ лежи години затвор за храна! Зошто посегнал по корка леб! Од глад. За храна!“, пишува Крмов. 

Професорката Најчевска, која важи за остар критичар на актуелните случувања во земјава, по изгласувањето на измените на Кривичниот закон во Собрани, на својот Фејсбук профил укажа дека и опозициските пратеници имаат придонес во нивното носење, со самото присуство и со нивната одлука да не гласаат против измените. 

ГРАФИТИ СО ЗАКАНИ КОН МАКЕДОЦНИТЕ НА МОСТОТ ОКО

Вандализиран e мостот „Око“ каде се испишани заканувачки пораки кон Македонците. 

Има пцовки за Србија и закани по живот кон Македонците.  Испишани се имињата на двете соседни земји, Косово и Албанија, а има и натпис „Голема Албанија“.

„Синоќа е вандализиран мостот пред Археолошки музеј со антимакедонски пораки. Пак ли со досадниот филм „или уставни измени или меѓуетнички тензии“? Е овде ако нема камери и треба месец дена да се бара сторителот, да ставиме клуч на државава“, пишува Богдан Илиевски на Фејсбук. 

ПОПЛАВИ ВО СОСЕДСТВОТО

Во Сотири во близина на Лариса во Грција 80 луѓе се спасени со трактор откако поминаа 24 часа без вода и храна. 

Ги спаси приватно лице кое со трактор на количка ги превезело во блиското село. Најголем дел од нив се стари луѓе и деца, пренесува Prototema.gr. Дел од луѓето заминале со чамци, а другите се евакуирани со трактор. Грција се соочува со страотни поплави. Непогоди има и во Бугарија и Турција. 

Големото невреме однесе цел камп во Царево во Бугарија. 

Автомобилите и камперите во бугарското туристичко место Царево завршиле во морето по силното невреме што го зафати и брегот на Црното Море. На социјалните мрежи има снимки на кои се гледа како луѓето се обидуваат да ги спасат автомобилите.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Досегашната акционерска структира на домашната фармацевтска компанија „Реплек“ беше подолг период иста, во смисла на тоа кои беа главните акционери, но вчера на Берзата се појави информација која покажа влез на еден сосема нов акционер во тоа акционерско друштво.

Дури 15 претставки се поднесени до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на измените на Законот за облигациони односи, кои беа донесени во јули оваа година.

Што е тоа што ги вивна цените на акциите на скопската рафинерија ОКТА, е прашањето кое се поставува, откако во последниов период значајно се зголемија цените на хартиите од вредност на ова акционерско друштво.

Министерството за финансии на својата интернет страница ја објави редуцираната листа на производи за јадење кои ќе останат со повластена даночна стапка од 5 отсто кога ќе се донесат измените на Законот за данок на додадена вредност. Останатите продукти кои ги нема во однос на претходните одлуки најверојатно ќе поскапат на пазарот откако ќе добијат поголеми стапки од 10, односно 18 проценти оданочување. Станува збор за список, според Министерството за финансии, за „основни производи за човечка исхрана“.

Фармацевтската компанија „Реплек“, како што и се очекуваше, се огласи околу неодамнешните две блок трансакции со нејзините акции, во кои вкупно беа истргувани 7,4 проценти од акциите, за вкупна сума од 2,12 милиони евра.

Луѓето кои издаваат станови под кирија, велат дека се случуваат непријатни ситуации во смисла потстанарите да избегаат, да не платат кирија и сметки, да оштетат мебел и слично. 

Слично

Поврзани вести