Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски ги потпиша законите за Бехтел и Енка, на Косово над 50 луѓе се повредени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски ги потпиша законите за Бехтел и Енка, на Косово над 50 луѓе се повредени

ПЕНДАРОВСКИ ГИ ПОТПИША ЗАКОНИТЕ ЗА БЕХТЕЛ И ЕНКА

Претседателот на државата, Стево Пендаровски  вели дека доставениот усвоен закон за работни односи нема одредба за 60 часовна работна недела. 

Изминатиот петок, на 26 мај ги примил петте закони за изменување и дополнување на постојни закони, а чија што содржина се однесува на изградбата на коридорите 8 и 10Д, во јавноста познати како закони за проектот на државата со американско – турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. 

НАД 50 ПОВРЕДЕНИ ВО СЕВЕРНО КОСОВО

Албин Курти има само една желба – да предизвикува конфликти и крвопролевање, вели српскиот претседател Александар Вучиќ за косовскиот премиер. 

Вучиќ вечерва по повод последната криза на северот на Косово и Метохија рече дека со месеци предупредува дека „Албин Курти има само една желба – да предизвика конфликти на Косово и Метохија, да доведе до крвопролевање во целиот регион“.

„Малкумина сакаа да ја слушнат вистината и да ја сфатат суштината. Во последните три дена и слаб и политички неписмен можеше да разбере што е подготвено за денес. Се беше организирано од Албин Курти за да дојде до конфликт меѓу Србите и НАТО, а тој што е единствено одговорен сака да му ги измие рацете на Пилат и да тврди дека тоа нема врска со него“, рече Вучиќ.

ЌЕ ИМА ЕВТИНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска пред медиумите објави дека повторното воведување на евтина тарифа за електрична енергија е неизбежно во наредниот период затоа што цените на берзите во тој период се дури и негативни.

Евтината струја ќе се плаќа два часа во период кој допрва Регулаторот ќе треба да го утврди, но ќе биде помеѓу термините од 11.00 до 16.00 часот. Бислимовски откри дека операторот ЕВН Хоме ќе треба да излезе на самиот терен да внесува промени во броилата и да го измени билинг системот на наплата. Примената на евтината тарифа ќе започне кога ќе се завршат овие активности, а повеќе детали ќе бидат познати за десетина дена.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се продаде една од најпознатите регионални телевизии, Канал Вис од Струмица.

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Сашо Стефаноски, ќе ја управува најголемата компанија за одгледување на канабис во Македонија - НЈСК Холдинг, која е концентрирана со својата работа во Општина Петровец и има лиценца за извоз на сув цвет на европските пазари.

Нема да има дивиденда за акционерите на компанија за производство на минерална флаширана вода, „Пелистерка“. Тоа е одлука што ја предлага менаџментот на компанијата, а која треба да ја изгласа Собранието на акционери на 26 јуни оваа година.

Веледрогериите се многу важна, можеби и суштинска, алка во системот што обезбедува здравствени услуги за населението. 

Ќе води ли граѓанската обврзници кон нови вложувања и кога најпосле ќе се обелодени каматата по која ќе се издава? Новиот тип на обврзница која треба да биде достапна за граѓаните веќе во јуни, предизвикува голем интерес, како во финансиските кругови, така и кај пошироката јавност. Сепак, висината на камата се уште не се открива, но како што најави министерот за финансии Фатмир Бесими ќе биде над каматите на депозитите.

Слично

Поврзани вести