Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски бaра неколку лица, меѓу кои и Џамбаски да добијат забрана за влез

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски бaра неколку лица, меѓу кои и Џамбаски да добијат забрана за влез

ПЕНДАРОВСКИ ПОБАРА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ЗА ЏАМБАСКИ

Шефот на државата, Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно денеска побара да му се забрани влез на  бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Пендаровски не го именуваше, но рече дека се работи за „европратеник од Бугарија“.

„Мој предлог до Владата кој го изнесов и на седницата е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во нашата држава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент и на неколку други лица, државјани на Република Бугарија заради дејствијата кои порано ги преземале и сѐ уште ги преземаат против нашата држава. Законските услови за изрекување на таква мерка постоеле и порано и сѐ уште постојат. Тоа се трите, според законот ги цитирам, закана за јавниот поредок, закана за националната безбедност и закана за меѓународните односи на Република С. Македонија“, изјави Пендаровски.

Кога ќе бидеш слободен прошетај до Ваташа, му порача македонскиот претседател Стево Пендаровски, на бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков. 

Таму е извршен масакарот на 12 млади лица во 1943 година. Ова доаѓа по изјавата на Милков кој кажа дека во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе. Пендаровски вели дека изјавата е грозна.

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков соопшти дека денеска ги информирал своите колеги во Советот на ЕУ за случаите на зголемен притисок врз претставниците на бугарското малцинство во Македонија. По средбата пред бугарските новинари во Брисел, тој изрази очекување дека ЕУ ќе заземе став.

ЗАТВОР ЗА МИЈАЛКОВ И ТАЧИ

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, заедно со поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими од ДПА, како и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ добија по две години затвор за изборни нерегуларности. 

Со новата, втора по ред осуднителна пресуда што ја донесе Основниот кривичен суд Скопје обвинетите се огласени за виновни за случајот „Титаник 2“. 

Кривичното дело за Мијалков застарува во април годинава ако пресудата до тогаш не стане правосилна. 

ЗАПАДОТ ПРИТИСКА СРБИЈА ДА ГО ПРИФАТИ ПЛАНОТ ЗА КОСОВО

Србија се соочува со ултиматум, да го прифати решението за Косово кое се нуди. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва рече дека ако Србија го одбие планот, може да се врати визниот режим за српските граѓани, да прекинат преговорите со ЕУ, а се плаши дека и странските инвестиции можат да си заминат, кои како што рече вработуваат над 100.000 луѓе. Дека е тоа можно да се случи, го наведе примерот со Русија, каде како што рече, за 15 дена си заминале 99 отсто од странските компании. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Спасе Манев од Скопје има необично хоби. Овој млад човек собира банкноти од сите делови на светот. Како голем љубител на патувањата, решил да колекционира банкноти и на различни начини ги набавува. Некои самиот ги сочувал после патувањата, а другите ги обезбедува од Македонци кои шетаат по светот.

Државните клиники се здравствени непрофитни организации и заради тоа заслужуваат фиксна цена на електричната енергија. Но на нив државниот производител им продава струја по берзански цени. Да биде уште пострашно и поскандалозно ЕСМ до пред една недела продаваше струја по фиксна цена на албанската фирма за трговија со струја...

Денарите се вратија во македонските банкарски канали. Овој заклучок може слободно да се извлече ако се погледнат најновите податоци што ги објави Народна банка на Македонија, кои говорат дека само во декември лани, во домашните банки влегле нови заштеди во денари од базата на домаќинствата за дури 150 милиони евра!

Гасната централа АД ТЕ-ТО е „златна кокошка“ во Македонија со теоретски продадена топлинска енергија за парно загревање на скопјани од 13,1 милиони евра во 2022 година. Ова е секундарна заработка за ТЕ-ТО на годишно ниво, ако се знае дека примарна дејност е производство на електрична енергија од природен гас. „Екстра-добивката“ може да се пресмета доколку се помножи производството објавено на веб-страницата на претпријатието со однапред договорената цена која треба да му ја плати ЕСМ Производство на топлина.

Средствата од задолжувњето одобрено од Европската банка за обнова и развој уште од 2014 година за изградба на пругата кон Бугарија ќе бидат пренаменети. По позитивниот одговор од ЕБОР, Македонија ќе пренасочи дел од средствата во консултантски услуги или изградба на друг дел од железницата, иако првично тие се одобрени за изградба на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка. 

Слично

Поврзани вести