ФАКТОР НА ДЕНОТ: Патиштата во земјава се проодни, во Скопје се фрлени 300 тони сол
НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ФРЛЕНИ 300 ТОНИ СОЛ
Градоначалникот на Скопје,Орце Ѓорѓиевски, го прогласи главниот град за исчистен и прооден за сообраќај,како и тоа дека се фрлени 300 тони сол на булеварите и главните улици кои влегуваат во рамки на надлежностите.
„Скопје, чисто и проодно!
Со навремена и организирана реакција, градските служби од раните утрински часови интервенираа ефикасно на сите клучни булевари и улици под надлежност на Град Скопје. Со употреба на повеќе од 300 тони сол, обезбедивме безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници.
„Потсетуваме дека луѓето кои живеат во повисоките места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови) и се препорачува внимателно движење на пешаците, бидејќи е можна појава на голомразица.
Во случај на опасност или потреба, граѓаните да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици 112“, се вели во предупредувањето.ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ГЕРИЈАТРИЈА Е ОСУДЕН НА 4 ГОДИНИ ЗАТВОР
Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, и затворска казна од една година и десет месеци на Блерим Амити, вработен во установата, во случајот „Геријатрија“, поврзан со примање поткуп и награда за противзаконито влијание.
Судот ги огласи двајцата обвинети за виновни.
ТРАМП НЕМА ДА ВОВЕДЕ ЦАРИНИ ЗА ЕВРОПА, СО РУТЕ ЌЕ БАРААТ РЕШЕНИЕ ЗА ГРЕНЛАНД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да воведува царини поврзани со Гренланд, по, како што наведе, „многу продуктивниот состанок“ со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп напиша дека „тие воспоставија рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
