Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите растрчани на терен, а во меѓувреме одекнаа уште неколку „бомби“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите растрчани на терен, а во меѓувреме одекнаа уште неколку „бомби“

ОБЈАВЕНИ НЕКОЛКУ АУДИО „БОМБИ“

Нова аудио снимка во која наводно се слуша гласот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се појави на Јутјуб. Снимката објавена на каналот „Рекет“ насловена како „Рекет 2“ ( е продолжение на веќе објавени делови од разговор меѓу Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, еден од осудените во случајот „Рекет“.

Во разговорот,  се слуша и женски глас, кој најверојатно е на Слободанка Алексовска, ексдиректорка на Центарот за вработување во Скопје. 

Откако почна изборната кампања се појавија повеќе аудио „бомби“. 

Нова аудио бомба открива фрапантни сознанија и сомневања за криминал од интернационални рамки во кој се врзува името на контраверзниот српски тајкун Миодраг Давидовиќ Дака, Зоран Заев и Драги Рашкоски. Врската за овие три имиња е Зоран Милески Кичеец кој пак е осуден за случајот „Рекет“. 

Аудио бомбата опфаќа разговор на Давидовиќ и Зоран Милески Кичеец кој кажува дека е пратен директно од Зоран Заев. Разговорот го почнува Зоран Милески, кој му кажува на тајкунот да одат кај Зоран Заев и дека има организирано се’.

Зоран Милески: Јас бев кај него (Зоран Заев), ми вика знаеш за Дака, доаѓа цело време тука, се’ сум организирал… Со Рашкоски дали го држиш под контрола. И јас сум реков ДА! И тој ми рече добро ти го работиш ова, јас го правам ова за тебе.

Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашкоски, дека е тука ако треба да заврши работа за референдумот за името. Очигледно Давидовиќ е незадоволен бидејќи се чувствува изигран од Зоран Заев и Рашкоски за парите кои ги дал, бидејќи не го добил тоа што сака, иако платил пари.

Српскиот бизнисмен вели: Ги знам тие ваши трикови, Јас вас ви дадов 300.000 евра и 2.000 квадрати, работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо. 

На ова Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја потврдува автентичноста на разговорот меѓу него и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец, што денеска беше објавен на Јутјуб, но рече дека се работи за монтажа на актуелната власт. 

Вели дека тоа е само еден разговор, а се сечеле и монтирале парчиња по потреба на СДСМ и Зоран Заев.

ДЕВЕТ ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 93, Куманово-7, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-3, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-3, Кочани-1, Кичево-8, Ресен-5, Неготино-1.

Информацијата ја објави Министерството за здравство. 

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 30 оздравени пациенти од: Скопје-21, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-3, Битола-1.

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.

Македонија во окер, Србија обоена портокалова, Хрватска и Црна Гора во црвено. 

На мапата на Њујорк тајмс земјите се класификувани според стапката на пораст на бројот на нови случаи во последните 14 дена. 

Но, иако некои земји имаат низок број на заразени, се смета процентот на пораст на новозаболени во последните денови.

Американски Њујорк тајмс, на својата нова мапа на светот на која го следи ширењето на корона вирусот во светот Македонија ја означи со окер боја, што значи дека во последните две недели состојбата е речиси иста.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најстариот Национален парк во земјава, НП Пелистер неодамна доживеа свое ново руво, преку грант во рамки на „Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, што ја спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање“.

Во шест региони во земјава бројот на починати е поголем од бројот на родени.

Природниот прираст кај населението од градските подрачја, е негативен и изнесува минус 1.059 лица наспроти позитивниот природен  прираст во селските подрачја кој изнесува 458 лица.  

Во шест региони има појава на негативен природен прираст, и тоа во: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот, Пелагонискиот и Североисточниот Регион.

Слично

Поврзани вести