Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови за промена на државниот грб, некои се против

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови за промена на државниот грб, некои се против

ПАРТИИТЕ ГИ КАЖАА СТАВОВИТЕ ЗА ПРОМЕНА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека Македонија треба да има современ државен грб и со неговата симболика да биде дел од европското друштво на држави, а не во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола.

Вели дека тоа се ретките земји во светот коишто имаат советска симболика на државните грбови. 

„Сметам дека Македонија има и добро историско наследство, кое може да ги поврзе и АСНОМ, и Илинденскиот период, и претходните периоди на нашата заедничка држава, и тоа да се отслика во еден современ државен грб којшто би бил подобар и би ги одразувал на еден поквалитетен начин определбите на Македонија, и во таа симболика да биде дел од европското друштво на држави“, изјави Милошоски. 

Уште една политичка партија е против промената на државниот грб. 

За ДОМ е неприфатлив предлогот за промена на државниот грб и ја повикува власта да не прави дефокус на јавноста од потребата да се фати во борба против корупцијата, аерозагадувањето, здивените цени во маркетите и на електричната енергија, а се заради зголемување на сопствениот рејтинг пред претстојните локални избори.

ГОРАН АНГЕЛОВ ДОБИ ПРЕКИН НА КАЗНАТА ОД ДВА МЕСЕЦИ

Горан Ангелов-Ќосето, осуден за „27 април“, доби прекин на казната од два месеци, откако претходно судот го одби. Неговиот адвокат ја соопшти веста. 

„Притисокот од јавноста се исплатеше. На Горан Ангелов-Ќосето му е дозволен прекин на издржувањето на затворската казна во траење од два месеци за кои можеби ќе побараме продолжување со оглед на тоа дека излезе дека му се скршени 4 ребра (не три) од кои едно со дислокација. Криво ми е што и во ваква ситуација се во државава мора да иде на сила и некој да биде јавно објавен за да постапи! Фала ви на сите за споделувањето, значително помогнавте!“, објави неговиот адвокат Драган Пешевски.

ТРГОВЦИТЕ СЕ СПРЕМНИ ДА ГИ ОГРАНИЧАТ ЦЕНИТЕ  НА 100 ДО 200 ПРОИЗВОДИ

Трговците доставија предлози за намалување на цените на групи производи. 

Реално практично е да се ограничат цените на 100 до најмногу 200 производи, а не на 1.000, како што бараше Владата. Комората на трговците предлага намалување на маржите од 3 до 15 отсто за различни производи.

За брашното, маслото, млекото и за шеќерот, да се пресметува маржа од 3 отсто, а лебот, тестенините, квасецот, солта, кафето, рускиот чај и за одделни видови сирење, урда, јајца, за некои видови зеленчук и овошје, како и за одделни пијалаци и средства за хигиена, маржата може да се ограничи на 10 до 15 отсто. Мерката би важела од 22 март до 22 април. Тоа значи дека и за Велигден ќе има пониски цени, но и за Рамазан. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Децата во Македонија генерално со мобилен телефон во рака поминуваат по 7-8 часа, односно колку што трае работното време на еден работник. Ова време може да се искористи продуктивно, со активности кои ќе донесат личен раст и развој на младите.

Продолжува да се шири групацијата на Телеком Србија. Откако пред неколку дена објавија дека постигнале договор за купување на NetTV Plus, DTH во Србија и  Македонија и лиценцата за правата на Sport Klub за Западен Балкан од United Group, во петокот минатата недела стигна нова објава, а таа е дека купуваат дел од СКЈНЕТ КТВ ДОО од Златибор.

Владата распиша оглас за пријавување кандидати кои би раководеле со четири институции во државата. На веб страната на Владата објавени се огласи за пријавување кандидати за директорските места на Агенцијата за храна и ветеринарство, за Државен санитарен и здравствен инспекторат, ќе се бара нов директор и за инспекторатот за локална самоуправа, како и за Државниот пазарен инспекторат.

Раст на нето приходи од камати, зголемени нето приходи од провизии и надоместоци. Двоцифрено, во проценти, зголемени трошоци за вработени што укажува на грижа за кадарот што работи во банката. За 30% повисоки вложувања во хартии од вредност (пред се државни записи и обврзници н.з.), зголемено кредитирање.

Слично

Поврзани вести