Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ПАРТИИТЕ КАЖАА КОИ ИМ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ

Oд Левица велат дека ќе коалицираат со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава.

„На овие избори, македонскиот народ ќе стави крај на диктатите и поразите од режимот на СДС и ДУИ и повторно ќе ја возобнови Републиката“, велат од Левица.

Билал Касами од БЕСА вели дека нивната програма ќе биде дел од владината програма, а во неа се уставните измени. 

Тој рече дека основен услов се спроведување на уставните измени.

Изет Меџити, претседател на партијата Демократско движење, која е дел од коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците, изјави дека по изборите на 8 мај не сакаат да бидат дел од некоја влада која нема да биде европски настроена.

За избирањето на шефот на државата со двотретинско мнозинство од Собранието, Африм Гаши од „Алтернатива“ и коалицијата „Вреди“ потенцира дека тоа не е нивен услов при составување на идната влада. Посочи дека и за ова прашање треба да се отвори широка дебата и широк политички консензус.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за 360 степени изјави дека ако уставните измени се услов на коалицијата „Вреди“ за влез во влада, нема да прифатат. 

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИК

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен Градоначалник на една скопска Општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "Злоупотрба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ.

Имено, истиот на ден 04.08.2021г. со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на Општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортското игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје.

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати. 

Tие бараат усогласување на платите со растот на минималецот. Како што соопштија од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), ќе бараат и итно да се разреши целиот управен одбор на фондот и поставување на нови членови кои ќе дозволат усогласување на платите.

Вработените во фондот штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Инспекцискиот совет воспоставен како меѓуресорско тело за координација на инспекциските служби, во 2010 година, прерасна во самостоен државен орган во 2014 година, чија надлежност е следењето и координацијата на работењето на инспекциските служби на централно ниво.

Државата лани преку Царинската управа наплатила 35 милиони евра данок на увоз на моторни возила, што е големо фискално зголемување во однос на една година претходно (2022).

Многу македонски граѓани живеат во странство и само еден месец во годината престојуваат тука, така што нивните куќи ги надгледуваат, одржуваат, чистат  роднините или соседите за  одреден паричен надомест или бесплатно.

Слично

Поврзани вести