Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите ги сумираат резултатите од изборите, има критики за раководството на СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите ги сумираат резултатите од изборите, има критики за раководството на СДСМ

ПАРТИИТЕ ГИ СУМИРААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНОТО ГЛАСАЊЕ

Новиот состав на советот на Град Скопје ќе биде предводен од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, покажуваат проекциите од Државната изборна комисија.

По преброени 99% од гласовите, се потврдува она што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови, соопшти опозициската СДСМ.

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје, која заврши како четврта во првиот круг и не влезе во трката за градоначалничката фотелја во втор круг преку Фејсбук се заблагодари на сите граѓани кои излегоа да гласаат, но и на својот тим и поддржувачите.

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, се огласи на фејсбук по вчерашните избори и влегувањето во втор круг.

Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење, порача денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по вчерашното гласање во првиот круг од локалните избори и посочи дека Скопје избра иднина. 

ИМА БАРАЊА ЗА ОСТАВКИ ВО СДСМ

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. 

ВРЕДИ БАРА АХМЕТИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ

Башким Бакиу од Вреди попладнево изјави дека Вреди се победници на овие избори. Кажа дека Вреди е втора политичка сила во Македонија. 

Бакиу додаде дека Вреди е победник во 5 општини во првиот круг, во 6 оди во вториот круг. 

„Убедливо победивме уште во првиот круг во Чаир, Арачиново, Сарај, Желино, Теарце, додека како победници одиме во втор круг во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Долнени, а во Брвеница ќе бидеме во трка како втори. За жал, во општините Гостивар и Врапчиште не е постигнат потребниот цензус според одредбите на Изборниот законик, па за епилогот од процесот во овие 2 општини ќе се изјасни Државната изборна комисија“, рече Бакиу кој на изборите беше кандидат за градоначалник на Скопје од Вреди.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Рејтингот на судството во Република Македонија, кој според истражувањата се движи околу само два процента доверба кај граѓаните, претставува алармантен показател за состојбата во правосудниот систем. 

Американскиот претседател Доналд Трамп одново го промени приодот кон решавањето на војната во Украина. Особено сега по „мирот“ во Газа. Од него и од неговите соработници често пати се слушаше изразот „До мир со сила“. Лесно му е тоа да се обидува да го направи со Хамас. Но не и со Русија и Украина. Со последнава особено, бидејќи зад неа упорно стојат воено настроените европски земји и лидери.

Али Ахмети во една прилика самоуверено се фалеше дека сменил и преживеал повеќе премиери од Црвенковски, Бучковски, Груевски, и Заев па се до Ковачевски. Но, таков подвиг не успеа да направи со актуелниот премиер Христијан Мицкоски. Не само што не дојде во позиција да го „потроши“ како премиер, туку Мицкоски успешно оддолеа да не направи Влада со ДУИ и таа политика му носи успеси на повеќе избори по ред.

Слично

Поврзани вести