ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негирал вина и тврдел дека е наместен
ПАЛЕВСКИ НЕГИРАЛ ВИНА ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО
Љупчо Палевски – Палчо денеска на распит во Обвинителството негирал каква било поврзаност со убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес и во своја одбрана посочил докази кои дополнително ќе бидат доставени, информираше вечерва адвокатот Марјан Витановски.
Како причини поради кои е посочен како обвинет во постапката навел дека се работи за претходни непријателства, па дури и како што вели Витановски, некакви политички недоразбирања со определени претставници од власта.ЌЕ ИМАМЕ НОВИ МИНИСТЕРСТВА
Законот за организација на работата на органите на државната управа кој го најавуваше лидерот на победничката ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако го достави во Собранието, се најде и на веб страната на оваа институција.
Тој како актуелен пратеник, ги поднесе измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа за да може да се изгласа новата реорганизирана влада и да се изберат нејзините членови.
Како што беше најавено ќе се формираат нови министерства, и се прошируваат некои од нив.
ФИЛИПЧЕ, ПЕТРОВСКА И ДЕСПОТОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
