ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче
ПАЛЕВСКИ НЕГИРА ВИНА ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО
Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, при спроводот во Кривичен суд попладнево изјави дека не ги сторил убиствата. Прашан од „Скопје1“ дали за тоа има докази – рече: „да“.
30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ГЕОРГИЕВ
Обвинителството бара мерки на претпазливост за Иџет Мемети.
Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за второосомничениот член на Советот на јавни обвинители во врска со случајот за примање поткуп во кој осомничен е и врховниот судија Наќе Георгиев кој попладнево беше изведен пред суд за да даде исказ во врска со предлогот да му биде определена мерка притвор.
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и на врховниот судија му определи мерка 30 дневен притвор.МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА Е НЕШТО НАД 1.000 ЕВРА
Благ пад на месечните трошоци за семејства регистрираше Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ). Како што објавија, синдикалната минимална кошница за месец мај повторно надминува 60 илјади денари, но сепак, е за 122 денари помала отколку онаа за месец април.
- Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60 090,00 денари. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април годинава која изнесува 60 212,00 денари е намалена за 122,00 денари - информираат денеска од ССМ.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото принтскрин
