ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски е во привремен затвор во Баликесир
ПАЛЕВСКИ Е ВО ПРИВРЕМЕН ЗАТВОР
Во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир - Турција информираат дека на лицето Љупчо Пелевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело „Намерно убиство на дете“, согласно Законот 6706 член 14, со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена.
Ова соопштение пристигна од Министерството за правда, без да се дадат повеќе детали, а особено она што го очекува целата македонска јавност, имено, кога ќе биде екстрадирано ова лице кое се сомничи за едно од најтешките кривични дела.НЕМАЛО ОДЗИВ НА ПРОТЕСТОТ ЗА КРСТОТ ВО ТЕТОВО
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов, на социјалните мрежи пишува дека на, за денес најавениот протест во Тетово против крстот на Попова Шапка, не се појавил безмалку никој.
„Благодарност до нашите сограѓани Албанци кои не дадоа поддршка на рушењето на крстот и со тоа покажаа почит кон нашите верски чувства. Најдобро за државата, најдобро за Македонија, најдобро за Македонците, Албанците и сите останати граѓани би било кога во претстојната политичка битка не би се злоупотребувале верските чувства и меѓуетничките односи“, пишува тој.
Го повикува градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами да го поништи провокативното и незаконско решение за отстранување на крстот.СПАСОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ НАМАЛИЛ КРИМИНАЛОТ
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на годишниот брифинг за 2023 година истакна дека во текот на оваа година се бележи намалување на криминалот за осум проценти и дека се сузбиени 13 криминални групи со над 100 лица.
Тој како главни случувања ги спомна одржувањето на Меѓународната конференција на Интерпол во Охрид, како и министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.
Спасовски исто така посочи и на управувањето со миграциските токови,усогласувањето на правната рамка за миграција со Меѓународната конвенција за мигранти, борбата против тероризам, спречувањето на трговијата со дрога, каде што рече дека се бележи голем напредок.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
