ФАКТОР НА ДЕНОТ: Паднаа пресуди за „ТНТ“, затворски казни за Груевски, Јанакиески, Трајковски и Најдовска
ИМА ПРЕСУДИ ЗА РУШЕЊЕТО НА КОСМОС
Никола Груевски доби казна затвор првостепено од девет години за рушењето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ поради политички причини, додека за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески одредени се три години, вклучувајќи го времето поминато во притвор.
Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, и овластената градежна инспекторка Елисавета Најдовска, добија по четири години затвор како виновни. Сите четворица ќе треба да платат отштета од 683.514.694 за незаконското уривање на „Космос“.
Груевски и Јанакиески заради политичка одлука го поттикнале Тони Јакимовски да стори кривично дело и да ја искористи службената положба за рушење на станбено-деловниот комплекс Космос. Трајковски се согласил со тоа и со умисла го сторил кривичното дело. Елисавета Најдовска, овластена градежна инспекторка, постапила спротивно од правилникот и донела решение без да постојат услови за мерење на лимитираната висина на објектот.НАПАД ВО ОБЛАСТА ХЕРСОН, ИМА ЖРТВИ
Украинските власти објавија дека има нови жртви.
Единаесет луѓе загинаа по ракетирањето на градот Лозова во украинската област Харков. Информацијата ја потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. На снимката на Фејсбук се гледа облак од чад кој се издига над зградата погодена од проектил, јавува Индекс.
Претседателот изјави дека е зафатена зградата на Домот на културата и дека загинале 11 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.ВО ДОНБАС Е ПЕКОЛНО
Зеленски очекува дека последната фаза од војната ќе биде најкрвава.
За време на вчерашниот говор пред украинските студенти, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека сѐ уште не може да ги повика Украинците да се вратат дома од странство поради страв дека последната фаза од војната ќе биде најтешка и најкрвава, објавија локалните медиуми.
Синоќа и украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека источен Донбас го претвора во „пекол“, додека таму се водат интензивни борби.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Се враќа довербата на граѓаните во штедењето во домашната валута, денарот.
