Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oтворена е истрага, од ФЗО не смеат да зборуваат за откупот на хакерите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oтворена е истрага, од ФЗО не смеат да зборуваат за откупот на хакерите

ОД ФЗО ИНФОРМИРАА ДЕКА СИСТЕМОТ Е ВРАТЕН ВО ФУНКЦИЈА

Магдалена Филиповска Грашкоска, генералната директорка на Фондот за здравство, денеска на одржаниот брифинг со новинарите рече дека не смее да изнесува детали за тоа колку пари бараат хакерите. Таа информираше дека е отворена истрага за случајот.

Системот е вратен во функција откако беше подложен на хакерски напад пред нешто повеќе од две недели, а во меѓувреме проструи информација дека хакерите за да ги вратат податоците бараат 40 милиони евра во криптовалути.

- Не смеам да кажам дали некој ни побара откуп од страна на хакерите. Отворена е истрага и за ова не смеам да коментирам, рече Филиповска Грашкоска пред медиумите.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ ПАСОШОТ НА ВТОРИОТ НАПАЃАЧ НА ПЕНДИКОВ

Основното јавно обвинителство Охрид до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерки на претпазливост против едно лице од Битола, за кое е поведена постапка за кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 во врска со став 1 и  во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, на 19 јануари, осомничениот, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле.

ЏАФЕРИ ВЕЛИ ДЕКА И СИН МУ ИМА ПРАВО ДА РАБОТИ

Се уште не е јасно како Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, успеа да „влезе“ во Академијата за судии и јавни обвинители, откако тој се најде на вчера објавениот список како еден од идните обвинители на државата. 

Поради оваа причина, претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека и неговиот син ги ужива истите права како и сите други.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Денеска нови дојави за бомби пристигнаа во дури 66 училишта во главниот град, и во едно училиште во Прилеп. Дојава пристигнала и до една градинка. 

Додека се чека да се избере новиот министер за правда, кој, пак, по се изгледа дека прва задача кога ќе седне на министерското столче, ќе му биде да ја потпише новата еврообвзрница која земјава ќе мора да ја издаде по пропаѓањето на претходната, државава емитувала домашна државна обврзница, и тоа на прилично „жешка“ сума, од дури 130 милиони евра.

Ако се погледне подетално соопштението на Државниот завод за статистика, за просечните нето плати исплатени во земјава во декември минатата година, може да се забележи дека највисоките плати биле исплатени во дејноста воздухопловен транспорт, каде тие достигнуваат близу 100 илјади денари, или прецизно 94.537 денари.

Поранешниот советник за енергетика и гасификација Митко Андреевски, формираше своја нова компанија „Гама Гас Трејд“, со која, како што вели за „Фактор“, ќе се обиде да понуди пониски цени на природен гас на пазарот во Македонија.

Скопски „Фруктал“ лани го огреа сонце. Успеа да ја зголеми продажбата за 18 отсто, а јако го нагази извозот за сметка на домашната продажба. Компанијата ја има најдобрата година во последните пет, а со отпимална алокација на ресурсите профитот лани достигна 822.000 евра, двојно повеќе од 2021 година


Слично

Поврзани вести