Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Отворен бугарски клуб Цар Борис Трети во Охрид, граѓаните протестираа во знак на револт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Отворен бугарски клуб Цар Борис Трети  во Охрид, граѓаните протестираа во знак на револт

ПРОТЕСТ ВО ОХРИД ПО ПОВОД ОТВОРАЊЕТО НА БУГАРСКИОТ КЛУБ

Здружението на бугарски културен клуб „Цар Борис Трети” е отворено пред една година со сите документи, со сета почит кон државата, институциите и законите. Ние сме почитувачи и само го избравме ликот на Цар Борис III како еден бугарски цар. Ние ниту сме помислиле да направиме некоја провокација, ниту ништо. Ова го кажа претседателот на здружението Томе Блажевски, денеска пред медиумите по неговото отворање во Охрид.

За протестот против отворањето, Блажевски вели дека тоа е граѓанско право и дека не можат да запрат никој.

Неколку стотици луѓе скандираат „Бугари, Татари и фашисти“ пред зградата каде во Охрид свечено треба да биде отворен бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, јави репортерот на БГНЕС.

Кон зградата се фрлаат јајца и камења. 

Oд СВР Охрид соопштуваат дека на протестот одржан денеска во Охрид, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир. 

„Полициските службеници евидентираа едно лице кое на јавно место, кон одредена група граѓани фрли со предмет. Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“, велат од полицијата. 

РЕАКЦИИ ЗА КЛУБОТ

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со протестот во Охрид околу отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ изјави дека немало поголеми нереди. 

Вели дека тој лично го осудува отворањето на клубот. 

Eкс министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека Владата во односите со Бугарија продолжува да се однесува како туѓа влада. 

Додава дека сервилноста не е мудрост во ниедна дипломатска теорија и практика, туку како што вели сервилноста е слабост. 

ПУТИН ГО СЛАВИ 70-ОТ РОДЕНДЕН

Путин денеска го слави својот 70 роденден, често добива книги на подарок, но една година се многу се изненадил кога добил еротски календар.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко на својот руски колега Владимир Путин му подари трактор за неговиот 70-ти роденден.

Тракторите се гордост на белоруската индустрија уште од советско време.

Активисти во Чешка на рускиот претседател Владимир Путин кој денес полни 70 години му посакаа долг живот, но во затвор.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Необичен феномен се случува во земјава во време кога сме погодени од можеби најсилната енергетска криза досега.

Граѓаните на Скопје брзаат до крајот на ноември да ги поднесат потребните документи со кои сакаат да аплицираат за субвенции кои ги дава градот Скопје за чистење на оџаците. Но, за Фактор велат дека имаат сериозен проблем.

Иако ф’стакот може да успее на македонска почва, и е рентабилен, сепак не е широко застапен во земјава. Мал е бројот на луѓе кои се охрабруваат да се занимаваат со производство на ф’стак.

Драматичнот раст на цените на становите и недвижнините на крајот на септември кој го објави Народна банка според инволвираните во секторот недвижнини е загрижувачки, но воопшто не е изненадување. 

фото Охрид Скај

Слично

Поврзани вести