ФАКТОР НА ДЕНОТ: Отфрлени кандидатурите на Фетаи и Раичевиќ, само Љупчо Коцевски го помина филтерот на Советот на јавни обвинители
ФЕТАИ И РАИЧЕВИЌ ОТПАДНАА
Од тројца кандидати само Љупчо Коцевски доби зелено светло од Советот на јавните обвинители во трката за тоа кој ќе го наследи досегашниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески. Коцевски доби едногласно позитивно мислење од сите членови, а генералниот заклучок на членовите на советот за време на дускусијата беше дека станува збор за кандидат кој има успешно долгогодишно искуство како јавен обвинител првично во Вишото ЈО во Гостивар, а сега и во државното обвинителство.
НОВО ОБВИНЕНИЕ ЗА „СКОПЈЕ 2014“
Предметен јавен обвинител кој постапува во предметот познат во јавноста под кодно име „Феникс“ до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица на кои им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело Перење пари и други приноси од кривично дело од член 273 од Кривичниот законик. Со Обвинителниот акт е поднесен и Обвинителен предлог против шест правни лица обвинети за истото кривично дело.
Еве што соопштија од Јавното обвинителство:
- Според опишаните дејствија во диспозитивот на обвинението, во временскиот период од втората половина на 2008 година до крајот на 2022 година во Скопје, првообвинетиот за да прикрие дека поседува и располага со пари што потекнуваат од казниво дело и дека со нив создава нови приноси, како организатор, создал група што се занимава со перење на пари. Членови на групата меѓу другите станале и останатите четворица обвинети. Во состав на групата делувале и обвинетите правни лица меѓусебно капитално, персонално и финансиски поврзани.
ПОЧИНА РОДИЛКА ОД ДЕЛЧЕВОРодилка од Делчево починала на Клиниката за анестезија и реанимација во Скопје, по масовно крварење.
Жената на возраст од 26 години имала повреда на слезинка, која и прснала и била извадена на штипската болница, од каде била транспортирана во Скопје вчера попладне во тешка состојба.
На КАРИЛ веднаш била внесена во сала, а во еден момент настапило масовно крвавење
ДВОЈНО УБИСТВО ВО ЧЕЛОПЕК
Татко и син се убиените двајца денеска во тетовско Челопек од страна на нивниот 60-годишен роднина, кого веќе МВР го уапси.
Неофицијално, убиецот во тетовското село е познат како Илми, додека убиени се 55-годишниот Фарук и неговиот 30-годишен син Муарем.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
