Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oсум лица добија 30 дена притвор по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на буџетот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oсум лица добија 30 дена притвор по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на буџетот

ОСУМ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО ПРИТВОР, НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ

Одреден им е 30-дневен притвор на осуммина од осомничените за милионскиот финансиски криминал. 

Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и им одреди притвор на осуммина од осомничените за затајување данок, перење пари и злоупотреба на службената положба, кои беа уапсени во вчерашната акција на Обвинителството.

Најстрогата мерка за обезбедување присуство, според Кривичен, е одредена поради постоење опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност осомничените да го довршат или повторат делото.

МВР ЌЕ ВРШИ ТЕСТИРАЊЕ НА КАМЕРИТЕ ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

Министерството за внатрешни работи(МВР) ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20 јануари (вторник) до 31 јануари (сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.

„За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје. Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности“, велат од МВР. 

ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДАТ АНГАЖИРАНИ 10.000 СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука со која се определува квотата за работни дозволи за странци за 2026 година. Вкупниот број на странски државјани кои ќе можат да бидат работно ангажирани на територијата на државата изнесува 10.000.

​Според Одлуката објавена во најновиот број на Службен весник, оваа бројка е распределена во неколку категории, со најголем фокус на редовното вработување.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата бара нов кандидат кој би го презел раководното „кормило“ на Бирото за метрологија. Иако условите кои се бараат од идниот директор на ова Биро се генерално слични, како и кај другите огласи со кои се бараат кандидати за одредени позиции, сепак, овој пат, искуството ќе игра голема улога.

Домашни туристи, но и гости од соседна Србија во голем број ќе бидат присутни за празникот Водици во Охрид, за да ја проследат церемонијата на фрлањето на крстот во езерото. 

По повеќе од три години неуспешен обид да започне со производство, странската инвестиција ЈФА Аутомотив Сејфти Северна Македонија од почетокот на месецов е избришана по пат на ликвидација и повеќе не постои.

Што покажува соодносот на енергетската потрошувачка (kgoe) и енергетскиот интезитет за македонскиот енергетски сектор, но и воопшто за македонската економија во целина и секако перспектива за идниот развој. 

Слично

Поврзани вести