Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осуди и барање Димитриеска-Кочоска да се извини на Славјанка Петровска откако ја навреди на седница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осуди и барање Димитриеска-Кочоска да се извини на Славјанка Петровска откако ја навреди на седница

ОСУДИ ЗА ГОВОРОТ НА ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА СО КОЈ ЈА НАВРЕДИ ПЕТРОВСКА

Бараме министерката Кочоска веднаш јавно да се извини за навредите и дискриминацијата, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски. Тој најостро ја осуди денешната, како што ја нарече, срамна, навредлива и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, упатена кон пратеничката Славјанка Петровска.

„Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на граѓаните, министерката Кочоска не се двоумеше да се впушти во лични навреди, коментирајќи го приватниот живот на колешката Петровска. Со тоа, таа го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ – партија која наместо аргументи, секогаш се служи со дискредитации, дискриминација и навредување на жени во политиката“, се наведува во реакцијата.

Политичката партија Левица го осудува говорот на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска која на пратеничката Славјанка Петровска ѝ кажа дека нема право да зборува за семејство бидејќи нема деца.

ПОРАКА ОД БРИСЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА

Стигна реакција од EУ за гласањето во ОН во Њујорк. 

Брисел, преку евроамбасадорот Михалис Рокас, повика Македонија да ги задржи принципите на Европската Унија, откако земјава гласаше воздржано за резолуцијата за Украина во Обединетите нации. Рокас, пред Мешовитиот парламентарен комитет со Унијата, изјави дека зборува од името на високата претставничка Каја Калас и еврокомесарката Марта Кос. 

„Сепак, сакам да нагласам дека важно е Северна Македонија да ги задржи основните вредности и принципи на Европската Унија и активно тоа да го покажува во мултилатералните форуми, вклучително и во рамки на Обединетите нации. Со тоа ќе се потврди геостратешката заложба кон европскиот пат“, изјави евроамбасадорот Рокас.

УАПСЕН Е ПРЕТХОДНИОТ ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ШУТКА

На 24 февруари 2025 година,  Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица  и тоа: Ф.А. (42) за сторени кривични дела „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ, „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од КЗ, С.К. (53), П.А. (40),  Ѓ.Р. (34), С.П. (48), Т.Н. (37), Е.О. (46), З.М. (35), К.В. (34)  за сторени кривични дела „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, како и против С.К. (33) за сторено кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 став 1 од КЗ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Новината воведена вчера во системот „Мој Термин“ предизвика големо незадоволство кај лекарите, кои велат дека дополнително им ја усложнува работата и го оптоварува процесот на прегледите. 

Од најголемите пет доброволни инвестициски фондови три се парични односно кеш – фондови и нивната вредност е над 143 милиони евра. Два меѓу најголемите пет фондови се акциски. Најголемиот фонд вложува во акции глобално и неговата актива вреди над 78 милиони евра. Во најголемите пет е и фондот што вложува во најтргуваните 10 македонски акции и неговата вредност надминува 33 милиони евра

Предлогот на опозициската Левица за враќање на патните трошоци за работниците веќе стаса во Собрание. Како што напишале самите предлагачи овој предлог закон ќе доведе до еднаква примена на законот врз сите работници што ќе стимулира зголемена продуктивност на работниците и подобрување на животниот стандард.

Огромни приходи од 13,6 милиони евра и добивка од безмалку 300 илјади. Дали е ова добар резултат, секако дека е, во услови кога чистиот профит покажува зголемување за дури 200 проценти.


Слично

Поврзани вести