Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oсми ден протести против францускиот предлог, упатен е повик граѓаните и во другите градови да протестираат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oсми ден протести против францускиот предлог, упатен е повик граѓаните и во другите градови да протестираат

СЕ ОДРЖА НОВ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

Не за македонскиот јазик да биде некаков дијалект, не за разнебитување на Македонија, изјави пред Собранието, водителот Димитар Атанасовски. 

Тој повика на обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората, но и сите други националности во земјава. Вели дека ова не смееме да го дозволиме. Повика секој ден во 19 часот народот се помасовно да излегува на протести. Оние од внатрешноста ги повика да се собираат во своите градови. 

„Секој ден во 19 часот, до смрт за Македонија“, вели Атанасовски. 

На протестот беше кажано дека Македонија не е провинција, Македонија е самостојна земја. 

„Ни го земаа знамето, ни го земаа името, а сега сакаат и душата да ни ја земат“, беше кажано на протестот. 

Ако треба македонскиот глас нека се слушне и до Софија, но македонскиот народ нема да дозволи да се асимилираат македонските граѓани, изјави вечерва на протестот пред Собранието, Филип Ѓорѓиев. 

Вели дека е за Европска Унија(ЕУ), но таму да влеземе како Македонци, а не како асимилирани Бугари или било што друго. 

ПРОТОКОЛОТ НЕ ГО ОБЈАВУВААТ ЗАСЕГА

Oд политичката партија Левица велат дека Арбер Адеми отворено покажа дека власта го крие протоколот. 

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, кажа дека Протоколот не се објавува под изговор дека истиот не е финализиран и потпишан.

УАПСЕНО УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ПОРАДИ ФРЛАЊЕ МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ

Полицијата уапси уште едно лице за фрлање молотови коктели пред Собранието. 

А.Ф. пред неколку дена, заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели” и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, А.Ф. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него, велат од полицијата. Тој е изнесен пред Јавен обвинител за понатамошна постапка. 

ДЕЦА ОД СОЛУН ЈА ИЗГУБИЛЕ ТОПКАТА КОЈА ГО СПАСИ ИВАН

30 годишниот Иван се спаси во морето во Грција со помош на топката која пред десетина дена ја изгубиле две деца кај Лемнос. 

Момчето беше 18 часа исчезнато во морето кај Халкидики, а топката стигнала во неговите раце од островот Лемнос, од каде што патувала по водата 10 дена, објавија грчките медиуми.

„Спасот“ во Одисеја на Иван пристигна од Лемнос. Причината за спасувањето на Иван на Халкидики, кој успеал да излезе неповреден по 19 часа авантура на море, благодарение на топката која случајно била пронајдена во водата. Топката што го спаси Иван на Халкидики била изгубена од плажата Евгати во Лемнос, на 30 јуни!, открива voria.gr.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Посејдон“ е дрон што делува под вода, има нуклеарен погон и е беспилотно подводно воено средство со голем домет на делување. Русија се испофали со пуштањето во погон на новата, најголема досега, нуклеарна подморница „Белгород“ – која ќе биде кошница на овие подводни дронови. Дали тоа е увертира за битката за превласт врз контролата на трговските поморски рути од Црно море до Средоземно море?

Кириите и цените на куќите во ЕУ го продолжија својот постојан пораст во првиот квартал од 2022 година, зголемувајќи се за 1,4 и 10,5 проценти, соодветно, во споредба со првиот квартал од 2021 година.

Слично

Поврзани вести