Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Османи најави дебати за уставните измени, во меѓувреме аерозагадувањето во повеќе градови алармантно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Османи најави дебати за уставните измени, во меѓувреме аерозагадувањето во повеќе градови алармантно

ОСМАНИ ПОЧНУВА ДЕБАТИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека формално започнбува со иницијатива за широка дебата за уставните измени.

Шефот на дипломатијата зададе рок до ноември, до кога треба да биде променет Уставот согласно францускиот договор за да не се случи, како што вели, „црногорско сценарио“ во земјата.

„Мојот страв ако ноември не фати без завршени уставни измени е дека ќе прекинат преговорите, ќе го изгубиме моментот, а губењето на моментот е една од најлошите работи што може да ви се случи на европскиот пат и се плашам дека, се надевам дека нема да се злоупотреби, дека ќе влеземе во некое си црногорско сценарио, кое е многу тешко после да се врати со сите импликации внатре и надвор врз имиџот на државата“, вели министерот Османи.

НЕКОЛКУ ГРАДОВИ СЕ ЕКСТРЕМНО ЗАГАДЕНИ

Според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, вечерва воздухот во Охрид е позагаден од воздухот во Скопје. 

Со виолетова боја се обоени Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Струмица и Струмица што значи дека во овие градови воздухот е екстремно загаден. Високо загаден е воздухот во Гевгелија, Скопје, Велес, Тетово, Кочани и Гостивар. Но, на мапата Куманово е во зелена боја што значи дека воздухот е многу ниско загаден. 

Институтот за јавно здравје објави препораки поради високите нивоа на аерозагадување, меѓу кои, носењето заштитна маска е една од нив.

РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА УКРАИНЦИТЕ ПОРАДИ УПОТРЕБАТА НА МОБИЛНИТЕ ГИ ЛОЦИРАЛЕ НИВНИТЕ ВОЈНИЦИ

Украинската војска денеска откри дека мобилните телефони не се главната причина како ги лоцирале руските војници во Макиивка, пишува Си Ен Ен. 

Серхиј Череватји од украинската војска вели дека не е паметно да се користат телефони со геолокација, но објаснувањето е смешно. 

Рускиот новинар Семјон Пегов, кој доби Орден за храброст од рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тврдењето дека нападот во Макиивка се случил поради употреба на мобилен телефон „не е многу убедливо“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Црна Река Петрол, една од најголемите компании во Македонија која транспортира нафтени деривати и се бави со малопродажба не бензиски станици, значително го проширува својот бизнис со пријавување на многу поголем складиштен капацитет кај Регулаторната комисија за енергетика.

Нето износот на дивиденда ќе биде објавен најдоцна до 9 март, а според досегашната традиција на континуиран годишен раст се очекува на ниво од 430 денари за акција. Тоа е принос до 2,5 отсто на вложеното, но не на годишно ниво туку за период од 4 месеци

Секои три месеци ги пакува куферите со се што е потребно за неа и за нејзините две деца, девет и пол годишниот Лука и пет и пол годишната Симона. Но, оваа мајка не ги носи своите деца на одмор или на некое интересно патување какво што би посакало секое дете. 

Граѓаните кои сакаат да патуваат во некоја од Шенген државите, засега можат да бидат мирни. Нема да има никакви промени при патувањето, а стапувањето во сила на таканаречениот ETIAS систем е планирано дури за ноември оваа година. 

Во новата година, кумановци почнаа да користат бесплатен јавен превоз. Жителите на сите приградски населби и села со бесплатен јавен превоз патуваат до центарот на градот. 

Статистичките податоци покажуваат дека градежниот сектор, еден од носителите на економскиот раст во земјава во минатото, почуствува силен удар од кризите кои се надоврзуваа една на друга. Изминатата година беа забележани големи падови во секторот, а особено во првиот квартал од годината.

Слично

Поврзани вести