Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ослободителна пресуда за Мијалков за „Тортура“, Катица Јанева однесена во Идризово

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ослободителна пресуда за Мијалков за „Тортура“, Катица Јанева однесена во Идризово

МИЈАЛКОВ И АЛФИТЕ ОСЛОБОДЕНИ ЗА „ТОРТУРА“

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК и полициските Алфи се ослободени од обвинение за случајот „Тортура“ кој се однесува на апсењето на Љубе Бошковски. Основниот кривичен суд Скопје денес донесе ваква пресуда со образложение дека обвинителството не докажало дека е сторено кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Дополнително вештачењето врз душевната состојба не покажало дека има психички и кардиоваскуларни проблеми кои траеле неколку дена, настанати како последица од апсењето.

Бошковски беше апсен во јуни 2011 година пред ресторанот Воденица во Скопје. 

ЈАНЕВА ОДНЕСЕНА ВО ЗАТВОР

Основниот суд во Гевгелија го издаде налогот откако ги комплетирал сите податоци од пресудата кои до нив стасале по мејл, а со која Јанева треба да издржува затворска казна од седум години, за случајот „Рекет“ во кој беше обвинета заедно со Бојан Јовановски- Боки 13. 

Неделава прво Апелацискиот суд во Скопје ја потврди затворската казна, а вчера доцна попладне во Идризово беше однесен и Бојан Јовановски кој е осуден на 9 години за перење пари и рекетирање во истиот случај.

ЗА 24 ЧАСА ИМА 36 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на КОВИД-19:

Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица ,Кочани и Кичево – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од:  Тетово – 5, Скопје – 4, Битола – 2 и Свети Николе - 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Четири позитивни има меѓу патниците кои со автобус се вратија од летување во Грција. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Да бидат хигиеничари, да работат во производство или да бидат општи работници. Ова се опциите за невработените кои се без образование или имаат само  основно образование, а такви има многу во Македонија. 

Корона кризата кај големите светски корпорации доведе до рационализација на ресурсите и оптимизација на процесите. Добро организираните големи компании меѓу кои и Пивара Скопје, дел од корпорацијата „Кока Кола“, покажаа дека и во корона услови бизнисот се води успешно иако има намалување.

Блок трансакциите во кои се продаваат акции на добри македонски компании продолжуват да бидат карактеристика на тргувањето на берза годинава. Прометот од блок трансакции во првите шест месеци годинава бележи раст од 30 отсто, во последниот период е особено интересено кај Комерцијална банка и кај Реплек.

Нашата стратегија е да ги развиваме локалните пазари на начин на кој тие можат успешно да одговорат на сите барања на националната економија и да овозможиме финансирање на компаниите во сите развојни фази, вели во ексклузивно интервју за Фактор, Ивана Гажиќ, директорката на Загребската берза, неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза.

Групацијата Арикома купува неколку компании годишно и во моментот е најголемиот ИТ холдинг во поранешна Чехословачка. Кон крајот на минатата година, најголемата македонска компанија за развој на софтвер, Сеавус, стана дел од Групацијата Арикома.

Слично

Поврзани вести