Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ослободителна пресуда доби таткото на Васил Јованов, возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ослободителна пресуда доби таткото на Васил Јованов, возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ДОБИ ТАТКОТО НА ВАСИЛ ЈОВАНОВ

Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој лани во јануари смртно ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Судот наведе дека кривичната одговорност не може да се темели само на фактот што обвинетиот бил сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син го управувал без возачка дозвола.

„Кривичното право почива врз начелото на лична и индивидуална одговорност, поради што последиците од самостојното постапување на едно полнолетно лице не можат автоматски да му се припишат на друго лице само поради роднинска врска или поради сопственост на возилото“, наведува Судот.

ОД ДЗС ГИ КОНТРОЛИРАЛЕ ХОТЕЛИТЕ, НО НЕ И ДИСКОТЕКИТЕ

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи со изведување на материјални докази за повеќегодишните планови и документи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) кои, според обвинението, покажуваат сериозни пропусти во планирањето и спроведувањето на инспекциските контроли на објекти со зголемен ризик од пожар.

Обвинителката презентираше документи од 2016 година, кои се однесуваат на годишните планови за надзор на објекти на територијата на државата. За општина Кочани не бил предвиден ниту бил спроведен надзор на објекти што би можеле да претставуваат ризик.

За 2015 година наведе дека бил извршен само еден инспекциски надзор во Кочани, и тоа во објект кој не бил оценет како ризичен од аспект на противпожарната заштита. Според обвинението, ризичните објекти воопшто не биле предмет на контрола за да се утврди нивото на загрозеност.

ЛИЦА ЗА ВЛЕЗ ВО КУКЛИЦИ НАПЛАЌАЛЕ ВЛЕЗНИЦИ И ПО 20 ЕВРА

Општина Кратово соопшти дека со години е спречена да управува со локалитетот Куклица, кој е прогласен за споменик на природата, обвинувајќи дека просторот е бесправно узурпиран и незаконски се наплаќа влез од посетителите.

Од Општина Кратово наведуваат дека подолг временски период локалитетот е „бесправно и неосновано узурпиран и држен во владение“ од Здружението „Извор“ од Кратово, неговиот претседател Милош Димитровски и Стојна Димитровска Боотх.

Според општината, овие лица вршеле неовластено управување со просторот, присвојувале права што не им припаѓаат и остварувале противправна имотна корист преку наплата на влезници од туристи и посетители. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од денес ќе се одлучува по жалбата на одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој се гони дека примил награда од околу 1800 евра.

Граѓаните кои поседуваат градина со зеленчук, во домашниот буџет секој месец заштедуваат сума на пари која не е за потценување. Филип Димкоски, агроном објаснува дека со разновидна градина, едно семејство месечно може да заштеди и до 300 евра.

Анкетниот лист на директорот на НОМАГАС, Недим Рама, го потврдува најважниот дел од приказната што ја отвори ДУИ. Рама во ДКСК пријавил дека е основач сопственик во „Лине ЛТД“, фирмата што опозициската партија ја поврзува со рент-а-кар бизнис на скопскиот аеродром и со апартмани во Маврово.

Државата во изминатите години редовно со средства од буџетот ги исплаќаше директно обврските кон американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д се до 2 јуни годинава кога владата на седница официјално одобрила барање за заеднички кредит од четири деловни банки од Македонија со издадена државна гаранција.

Прокиснати кровови, лифтови и гаражи кои постојано се „одржуваат“, неподнослива бучава и недолично однесување од поединечни станари, нарушување на хигиената од „дуќаџии“, и недостиг на справување со колективните недостатоци на зградите.

Слично

Поврзани вести