ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ослободителна пресуда доби Груевски за Белата палата
ГРУЕВСКИ ДОБИ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА „ТАЛИР 2“
Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот "Талир 2", за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението.
-Иако беа направени измени на обвинението промени во доказите и фактите изнесени пред судот немаше. Судот цени дека обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетиот Никола Груевски сторил пречекорување на службената должност - изјави Алексовска.ТАТЈАНА ДИМИТРОВСКА ДОБИ УСЛОВНА КАЗНА ОД ЕДНА ГОДИНА
Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за компјутерски фалсификат, за што ѝ е утврдена казна затвор од шест месеци. За двете кривични дела изречена е една единствена казна затвор во времетраење од една година, која нема да се изврши доколку обвинетата во наредните три години не стори ново кривично дело.
ОЈО ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ПРОТИВ ТРИ ЛИЦА ЗА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ВО КУМАНОВО
Обвинителството поведе постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, а две од осомничените се малолетнички.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ