Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан вели дека процесот на членство на Македонија во ЕУ трае долго и за тоа е виновна ЕУ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан вели дека процесот на членство на Македонија во ЕУ трае долго и за тоа е виновна ЕУ

ОРБАН ЈА ИСКРИТИКУВА ЕУ ВО ОДНОС НА МАКЕДОНИЈА

Според унгарскиот премиер Виктор Орбан, процесот на зачленување на Македонија во Европската Унија трае премногу долго, а за тоа не е одговорна Македонија, туку членките на Европската Унија(ЕУ). Ова тој го изјави попладнево од Будимпешта на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, јави известувачот на МИА.

„Не само што е срамно што овој процес толку бавно оди напред, а за тоа не е одговорна Македонија, туку ние, членките на Европската Унија. Затоа ние го поддржуваме зачленувањето на Македонија. Европската Унија мора да ја подобри конкурентноста и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста од проширувањето. Досега секое проширување на Европската унија донесе само добро“, изјави Орбан.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Унгарија изјави дека стратешката цел на Македонија е да стане членка на Европската Унија (ЕУ), а цената која ја дале македонските граѓани е толку голема што не може да се утврди.

СЕ ПОЈАВИ НОВО ВИДЕО ОД ИЗМАЧУВАЊЕ НА ЖИВОТНО

Страотна снимка се појави од измачување на животно, а на неа се гледа како штипјанец влече мачка со автомобилот. 

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа возило, а од неговиот заден дел виси мачка. Видеото го споделуваат граѓаните и граѓанските активисти со осуда за настанот. 

Од граѓанската иницијатива „Ние за благосостојба на животните/We for Animal Welfare“ соопштија дека веќе доставиле пријава до Министерството за внатрешни работи по електронски пат, заедно со видеата.

НЕРЕДИ ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ

Снимен е моментот кога пратеници погодија своја колешка во главата денеска во српското Собрание. Јасмина Обрадовиќ доживеала мозочен удар, а во неа удрила шок-бомба. Како што соопштија властите, нејзиниот живот е во опасност. 

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ изјави дека во денешните немири се повредени три пратенички. Српскиот претседател Александар Вучиќ веднаш се упати во болница и се фотографираше со пратеничката Обрадовиќ.

TРАМП ЈА СУСПЕНДИРА ВОЕНАТА ПОМОШ ЗА УКРАИНА

Соединетите Држави ја прекинуваат воената помош за Украина неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди во понеделникот официјален претставник на Белата куќа за Ројтерс.

„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Исто така ни треба нашите партнери да бидат посветени на оваа цел. „Паузираме и ја разгледуваме нашата помош за да се увериме дека придонесува за решението“, рече официјалниот претставник.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се наближува 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, а по тој повод се подарува и цвеќе на припадничките на понежниот пол. Дел од цвеќарниците сега ги нарачуваат количините цвеќе за празникот, но останува праксата од претходните години, дека најевтин е каранфилот, кој во внатрешноста може да се најде за 50 или 60 денари, а во главниот град е од 100 денари па нагоре, додека розите се најбарани и тие ќе чинат по 200 или 250 денари.

И во 2024 година како и неколку години претходно финансиските приходи од камати и дивиденди креираат половина од вкупната добивка на „Македонијатурист“. Токму зголемувањето на добивката од дејноста преку враќање во фукција или зголемување на искористеноста на хотелските капацитети е најголем предизвик за новите големи акционери во „Македонијатурист“.

Зголемена и стабилна добивка, пораст на приходите и контролирани трошоци, но и одлични финансиски приходи. Вака накусо може да се опише работењето на еден од најзначајните увозници на автомобили во земјава „Аутомакедонија“.

Високите плати, во просек од околу 2.500 евра нето, во „Македонски навигации“, оваа година ќе се зголемат за нешто помалку од 10 отсто, според финансискиот план за 2025 на контролата на летови.

Во главното „столче“ на Агенцијата за Администрација ќе седне нов директор, а се знае кој ќе биде и заменик. Оваа институција наскоро со нови раководители. Предлогот на Владата за именување нов директор и негова замена веќе стаса пред народните избраници, кои најверојатно ќе го изгласаат овој предлог.


Слично

Поврзани вести