Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

БУГАРИТЕ НЕ САКААТ ОРБАН ДА ПОСРЕДУВА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

Министерот за надворешни работи во техничката влада на Бугарија, Иван Кондов за БГНЕС, коментирајќи го понуденото посредништво на унгарскиот премиер Виктор Орбан за надминување на проблемите меѓу Софија и Скопје, вели дека нив посредници не им требаат и дека договорот е јасен. 

„Европскиот договор со Република Северна Македонија е јасен. На Бугарија не ѝ требаат посредници во овој процес“, вели тој. 

СДСМ ТВРДИ ДЕКА УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР ГЛАСАЛ ЗА ОДВОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Oд СДСМ велат дека денешната средба меѓу македонскиот премиер Христијан  Мицкоски и унгарскиот Виктор Орбан не носи ништо ново, ниту надежно за македонските граѓани.

Додаваат дека оваа посета Мицкоски требаше да ја искористи и јавно да го праша Орбан, зошто амбасадорот на Унгарија, инаку земја претседавач на ЕУ, гласал за одвојување на Македонија и Албанија.

ОРБАН ВЕЛИ ДЕКА ЗАЕМОТ НЕ Е КИНЕСКИ КРЕДИТ

Премиерот Виктор Орбан, кој со владина делегација е во дводневна официјална посета во Охрид, на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот колега Христијан Мицкоски ја уверуваше јавноста дека заемот од половина милијарда евра што ќе и го даде Унгарија на Македонија не се кинески пари.,

Како што рече Орбан, Унгарија нема дозвола од Кина да дава кинески пари на трети земји. Кажа дека Унгарија ќе и даде европски, а не кинески пари на Македонија како што се шпекулираше.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Доскорешниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони и кандидат за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, отвора свој приватен бизнис за кој засега не сака да изнесува детали во јавноста.

Превентивните здравствени прегледи се клучен дел од системот за рано откривање на болести и спречување на сериозни здравствени состојби. Во Македонија, овие услуги се достапни преку здравствените установи, но сепак останува прашањето колку граѓаните навистина ги користат и колку се свесни за нивната важност.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести