ФАКТОР НА ДЕНОТ: Определен е дводневен притвор за сопругот на жената што со детето падна од балкон
СОПРУГОТ НА ЖЕНАТА КОЈА ПАДНА ОД БАЛКОН СО ДЕТЕТО Е ВО ПРИТВОР
Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа за Стојанче Јовановски, сопругот на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете падна од балкон во Карпош, кој се сомничи за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.
Судот го прифати предлогот и одреди притвор со цел да се спроведат истражни дејствија, вештачења, анализа на видео-снимки и претреси, кои ќе помогнат да се утврдат околностите околу трагедијата.
„Притворската мерка е неопходна за обезбедување на сите докази во врска со сомненијата за сторените дела“, велат од обвинителството.
Јовановски ќе остане во притвор додека истрагата продолжува, а надлежните најавија дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска даде детали за случајот и за тоа за какви дела е пријавуван мажот претходно.СИТЕ КОИ САКААТ ДА СЕ ЕВАКУИРААТ, ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО АМБАСАДАТА ВО АБУ ДАБИ
Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ) соопшти дека имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, ја информира јавноста дека во координација со властите во ОАЕ, активно се работи на финализирање на деталите околу организацијата на чартер летови за евакуација на македонските државјани.
„Ги повикуваме сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а веќе не се пријавиле, во најкраток рок да се пријават на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби Телефон: +971 56 441 7532, Е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk Безбедноста на македонските државјани останува наш највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за сите понатамошни чекори и услови за безбедна реализација на евакуацијата“, стои во соопштението.РУТЕ КАЖА ДЕКА НАТО НЕМА ДА ДОЗВОЛИ БЕЗБЕДНОСЕН ВАКУУМ ВО РЕГИОНОТ
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска во Скопје изјави дека НАТО Алијансата нема да дозволи создавање безбедносен вакуум во регионот, особено во време на засилени геополитички тензии поради конфликтите на Блискиот Исток и војната во Украина.
Ова го кажа на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Руте истакна дека НАТО останува цврсто посветен на заштитата на секоја земја-членка и на одржувањето на стабилноста на Западен Балкан.
„НАТО е посветен кон заштита на сите свои сојузници од каде и да доаѓаат предизвиците. Знам дека можеме да сметаме на Северна Македонија да го одигра својот дел“, изјави Руте на заедничката прес-конференција со претседателката Сиљановска-Давкова.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
