ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oпозицијата обвини дека 20.000 граѓани имаат по два матични броеви, МВР објасни дека повеќето веќе се поништени
МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА 20.000 ГРАЃАНИ ИМААТ ПО ДВА МАТИЧНИ БРОЕВИ
Џадин Адемовски лицето за кое се тврдеше дека е лажниот идентитет на член на турскатa мафија Џедат Пекер има практично два матични броеви. Едниот на негово име со адреса во Чаир, другото на извесен Џеладин Адемовски од Сарај. Двата матични броја се идентични во првите десет броја, а различни се само последните три броја. Аферата наречена Мафија 2 денеска ја обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на брифинг со новинари. Од партијата тврдат дека имаат сознанија дека во Македонија постојат над 20.000 лица коишто имаат по најмалку два матични броеви. Демонстрираа примери како овој, во кои едно исто лице со два различни матични броеви го има два пати во избирачкиот список во земјава. Прашуваат дали овие лица со двоен идентитет можат да ги злоупотребат државните институции, банките преку отворање трансакциски сметки, но и за злоупотреби при кривична одговорност.
„Со скандалот Мафија 2 се открива како на едно исто лице му се издадени два матични броеви каде што според проверките во избирачкиот список истото лице е регистрирано еднаш со вистинското име, вистинска адреса, а вториот пат е регистрирано на друго лице во друга општина. Ова е класична злоупотреба на институциите и тежок криминал пред се за гласање на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.МВР ИЗЛЕЗЕ СО ОБЈАСНУВАЊЕ
Проблемот со двојните матични броеви почнал во 1981 година, најголем дел се поништени, велат од полицијата.
Министерството за внатрешни работи по денешниот брифинг за медиуми на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, ја информира јавноста дека ваквата појава започнала во 1981 година и дека по откривањето на истото, веднаш е пристапено кон поништување на овие матични броеви.
Велат дека оваа постапка веќе подолг период е во тек, а голем дел од овие матични броеви се поништени. Од МВР велат дека изјавата дека во Република Северна Македонија има 20.000 дупли матични броеви е неоснована и неаргументирана, имајќи ги в предвид евиденциите со кои располага Министерството за внатрешни работи.ДЕНЕС ИМА ПОМАЛКУ ОД 900 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.284 тестирања, а регистрирани се 890 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 349, Битола – 68, Куманово – 59, Прилеп – 52, Тетово – 36, Струмица - 35, Велес – 32, Охрид – 29, Кавадарци – 27, Штип - 25, Кочани – 24, Кичево – 20, Гостивар – 19, Виница – 15, Гевгелија - 14, Неготино и Валандово – по 11, Струга, Свети Николе и Радовиш – по 9, Пробиштип – 7, Крива Паланка - 6, Ресен и Берово – по 4, Делчево и Демир Хисар – по 3, Богданци, Демир Капија и Кратово – по 2, Крушево, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани се 1.024 оздравени пациенти од:
Скопје – 464, Битола – 74, Куманово – 65, Прилеп – 60, Кавадарци – 51, Велес – 40, Гостивар – 27, Штип – 26, Тетово – 25, Струмица и Гевгелија – по 21, Берово –16, Кочани – 15, Кичево, Неготино и Валандово - по 13, Радовиш – 12, Ресен – 9, Свети Николе – 8, Крива Паланка – 7, Виница и Богданци – по 6, Македонски Брод и Дебар – по 5, Пробиштип, Демир Капија, Крушево и Делчево – по 4, Пехчево – 3, Кратово – 2, Дојран – 1.
СЕ ОДРЖА РОЧИШТЕ ЗА „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“
Менаџерот на компанијата Дрим билдинг, Ресул Лога, денеска како сведок во кривичниот суд во Скопје на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз“ рече дека на обвинетиот Бојан Јовановски во кеш му исплатиле 350 илјади евра за да бидат дел од проектот за изградба на старечки дом.
„Дрим билдинг“ на сметката на „Меѓународен сојуз“ исплатил уште 15 милиони денари, а Лога рече дека тоа што ги гледале поранешните пратеници на СДСМ, Фросина Ременски и Александар Кирацовски, им влевало доверба дека проектот ќе успее.
„Довербата ја стекнавме дека имаше и луѓе од владата, како Фросина Ременски, на состаноците повремено присуствуваше и Александар Кирацовски и кога тие ги гледате имате доверба дека проектот ќе се реализира“, рече Лога.НОН ПЕЈПЕРОТ НА ЈАНША ГО ВОЗНЕМИРИ БАЛКАНОТ
Во Словенија е објавен нон пејперот на премиерот Јанес Јанша, иако тој негираше дека постои таков документ. Словенечки портал „Нецензурирано“ го објави овој нон пејпер.
Документот именуван како „Западен Балкан - патот напред“ е примен во кабинетот на претседателот на европскиот совет Шарл Мишел во февруари, тврди словечечкиот портал, но истиот бил одбиен од Мишел.
Според содржината нон-пејперот сегашната ситуација на просторот на бивша Југославија покажува дека за Србија и Косово не можат да се замислат европски перспективи, членството на БиХ во ЕУ е исклучено, а празниот простор го користи Турција која го зголемува влијанието во БиХ и Македонија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
