Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Омикрон е потврден во Македонија, заразен е маж кој патувал во Британија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Омикрон е потврден во Македонија, заразен е маж кој патувал во Британија

ОМИКРОН СТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство информира дека во Република Северна Македонија, денеска е деректиран првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2. Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

БЕБЕ ПОЧИНА ОД КОРОНА

Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021. 

„Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола. Истото повеќекратно  наназад било хоспитализирано на КДБ поради компликации во склоп на  основните заболувања : Остеохондродисплазија, Епилепсија, Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија“, се вели во соопштението.

ДЕНЕС ИМА 333 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 181, Прилеп и Битола – по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица – по  8, Велес и Кавадарци – по 7, Кичево – 6, Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија – по 5, Штип – 4, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Светската здравствена организација веќе најави дека крајот на пандемијата на корона вирусот треба да се случи во 2022 година, но светот  сега е во паника поради новата омикрон варијанта која има многу помал период на инкубација заради што многу забрзано се шири и го презема приматот да стане доминантен сој на корона вирусот. 

Новата Влада уште не е избрана, ама затоа таму се спремаат нови вработувања. Единаесет огласи се распишани за примање кадри во Владата во повеќе области, преку Генералниот секретаријат.

Последната седмица во април ќе биде во знак на акцијата на „Макпетрол“. Инвеститорската заедница и акционерите се сигурно во континуитетот на позитивно работење на „Макпетрол“ и  очекуваат дивиденда од извесната добивка за 2021 година. Гигантот во трговијата на мало со горива гради позитивна корпоративна практика и е прва компанија што го објави календарот на настани за идната година. „Макпетрол“ веќе е фикс на инвеститорите на берза

Многу предизвици успеавме да надминеме, уште многу се пред нас. Какви се очекувањата за 2022 година на едни од најуспешните луѓе во земјава, прашуваме во деновите кога истекува 2021 година. Глигор Бишев е Генерален директор и претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка.  Вели, 2022 е неизвесна и несигурна, а голем предизвик за македонската економија ќе биде процесот на раст на каматните стапки на глобално ниво.

СДСМ и ДУИ го исполнија првото барање на новиот коалиционен партнер Алтернатива од списокот на функционери што го достави претседателот Африм Гаши, а кои треба да бидат поставени на раководни позиции.

„Интраком“, подружницата на грчката градежна компанија Интракат, сработила за 1,6 милиони евра годинава како изведувач на недоизградената Клиничката болница Штип. Ова го покажуваат, барем досегашните, декемвриските исплати од Министерството за здравство кон грчката компанија преку кредитот од Банката на Советот на Европа.

Слично

Поврзани вести