ФАКТОР НА ДЕНОТ: OJO Штип нареди ексхумација и обдукција на телото на починатото момче од Берово
ОЈО ШТИП НАРЕДИ ЕКСХУМАЦИЈА И ОБДУКЦИЈА НА МЛАДИОТ БЕРОВЧАНЕЦ
Основното јавно обвинителство Штип, по објавени информации на социјалните мрежи и во медиумите, оформи предмет по допрен глас со цел да ги утврди причините за смртта на пациент од Берово кој бил третиран во ЈЗУ Клиничка болница Штип.
Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се прибави целокупната медицинска документација околу текот на лекувањето на починатото лице од сите приватни и јавни здравствени установи и ординации каде пациентот побарал лекарска помош. Исто така, полицијата е задолжена да изврши разговори со лекарите и со останатиот медицински персонал кој постапувал, како и со членови на семејството на пoчинатиот пациент.ЗГРАДА ВО ТЕТОВО КАДЕ УЧЕА МАКЕДОНСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ЌЕ БИДЕ КАТАСТАР
Една од двете реновирани згради на старото медицинско училиште во Тетово во кое настава на македонски јазик следат тетовските гимназијалци е одземена со одлука донесена на 20 јули оваа година на Владата за да биде Катастар, објави СДК.
Одлуката е потпишана од првиот вицепремиер Артан Груби со што се одзема една зграда од тетовската гимназија во која учат учениците од македонска настава и објектот му се доделува на тетовскиот Катастар.ГАБРИЕЛ БАЈРАМ ДОБИ ТРИ МЕСЕЦИ ЗАТВОР
Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, доби казна затвор од три месеци, откако ја призна вината пред Кривичниот суд во Скопје.
Казната затвор следува откако тој заедно со неговиот син претепа угостител во скопски ресторан „Аквадукт“ на булевар „Словенија“ во Скопје.. Неговиот син е осуден условно.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Дури 90 милиони евра профит оствариле македонските банки во првото полугодие од годинава.
