Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: OJO покрена обвиненија против шест лица за подигнување на брзи кредити на туѓо име

ФАКТОР НА ДЕНОТ: OJO покрена обвиненија против шест лица за подигнување на брзи кредити на туѓо име

ОЈО ПОКРЕНА ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ ШЕСТ ЛИЦА ЗА ИЗМАМИ СО БРЗИ КРЕДИТИ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против вкупно шест лица за фалсификување, злоупотреба на лични податоци и компјутерска измама за злоупотреби на податоци и подигнување на брзи кредити од финансиски друштва во висина поголема од 30.000 евра. Против вкупно 33 лица е поднесен Предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама.

Четворица од нив со вакви дејствија во периодот од февруари 2023 година до јуни 2024 година, прибавиле вкупна имотна корист во износ од 2.509.808 денари. Останатите во текот на 2022 и 2023 година со поединечни дејствија во помал износ прибавиле противправна имотна корист од дополнителни 659.500 денари.

УСТАВНИОТ СУДИЈА ГОЦЕ НАУМОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Уставниот судија Гоце Наумовски ја поднесе својата оставка до Собранието, по само пет месеци од неговиот избор на таа позиција. Од Собранието за ТВ21 изјавија дека ја прифатиле оставката, истата е архивирана, но дека сè уште не е доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Гоце Наумовски беше избран за судија на Уставниот суд во февруари оваа година, по предлог на Собранието.

СДСМ ГИ КРИТИКУВА НАЈНОВИТЕ ОДЛУКИ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО

По Груевски, слободен е и Латас - јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството, посочуваат од опозициската политичка партија СДСМ. 

- По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението.

Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството.

Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Само нешто повеќе од 5 милиони евра во изминатиот период биле потрошени на изградба на станови во Скопје во рамки на стандардната комерцијална програма на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката – Скопје.


Слично

Поврзани вести