ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО отвори предмет по тврдењата на Мицкоски дека службите го следеле него и семејството
ОЈО ЌЕ ИСТРАЖУВА КОЈ ГО СЛЕДЕЛ МИЦКОСКИ
Основното јавно обвинителство(ОЈО) отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Христијан Мицкоски и неговото семејство.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформил предмет по допрен глас, еден ден откако премиерот Христијан Мицкоски на собраниска седница во одговор на пратеничко прашање објасни дека бил незаконски следен од безбедносни служби во текот на 2020 и 2021 година. Мицкоски вчера на собраниска седница за пратенички прашања рече дека претходната власт физички го следела него тогаш како предводник на најголемата опозициска партија, затоа што наводно бил лидер на паравоена формација.ТОШКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ ГИ ПРЕКРШИЛ ПРОЦЕДУРИТЕ
Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека истрагата не утврдела вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме.
Тој вели дека истрагата за полицаецот од Куманово, кој на Денот на албанското знаме го симнал албанското знаме од јарбол на улица, не утврдила прекршување на полициските процедури.
„Одделот за внатрешна контрола не утврди дека полицаецот прекршил било каква стандардна оперативна процедура во рамките на Министерството за внатрешни работи. Подетални информации ќе бидат достапни во наредниот период“, изјави Тошковски.НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ СЕПАК ЌЕ ИМА ПРОСЛАВА
Прослава на плоштадот „Македонија“ сепак ќе се одржи. По неизвесноста дали воопшто на плоштадот ќе има прослава за Нова година, конечно се објавени артистите кои ќе ги забавуваат скопјани на новогодишната ноќ/
На плоштадот ќе учествуваат „Sarah Mace & The Girlzz“, „Љубојна“ , Рок-групата „Ареа“ и Бендот „Нокаут“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Нова голема трансакција со акции во „Македонијатурист“ во која за првпат една од фирмите која, што се вели „до вчера“ купуваше сега продаде речиси половина од своите акции. Нови акционери се две скопски компании кои досега немале допирни точки со угостителство и хотелиерство
Компанијата „Макпетрол“ сподели интересна ценовно чувствителна информација од своето работење, а која не е поврзана со некакви евентуални сопственички или менаџерски промени.
Просечната нето плата во националниот оператор на пазарот за електрична енергија МЕМО минатата година била 1.500 евра по вработен, што е уште една потврда дека вработените во енергетскиот сектор се едни од најплатените во земјата.
