Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: OЈО отвори истрагa, 40-годишен маж ги издрогирал малолетниците до бесознание со лекови и алкохол

ФАКТОР НА ДЕНОТ: OЈО отвори истрагa,  40-годишен маж ги издрогирал малолетниците до бесознание со лекови и алкохол

МАЛОЛЕТНИЦИТЕ БИЛЕ ПИЈАНИ И СЕ ПОВРЕДИЛЕ ДУРИ КРШЕЛЕ ИНВЕНТАР

Полицијата попладнево информираше дека целосно е расчистен случајот со четирите малолетници од кои две во бесознание беа пронајдени во куќа на 40-годишник и однесени на Клиниката за токсикологија.

Според информациите на СВР Скопје, веднаш се преземени голем број на оперативно тактички мерки и дејствија, со цел расветлување на настанот и утврдување на точната фактичка состојба.

„Од страна на увидна екипа од ЕУМНА во присуство на јавен обвинител и доктори од ИСМК беше извршен увид, при што се подигнати повеќе материјални траги кои се предадени за вештачење“, се наведува во соопштението од СВР Скопје.

СЛУЧАЕН МИНУВАЧ НАШОЛ БЕБЕ ОСТАВЕНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВЕЛЕС

Случаен минувач нашол бебе оставено во центарот на Велес и го однел во болница.  Таму се појавила и мајката. Детето е во тешка состојба. 

За случајот информираа од велешката полиција, од каде велат дека, по кусо време во болницата дошла С.К., која имала околу 20 години. Според зборовите на докторката која била дежурна, жената којашто пристигнала се претставила како мајка на бебето, но потоа ја напуштила болницата. 

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ДИЈАСПОРАТА ВО САД

Премиерот Христијан Мицкоски, оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД.

Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите Петар и Павле во црквата Св. Кирил и Методиј во Њујорк, како и на собирот организиран од Македонците во САД.

Мицкоски пред присутните посочи дека основните постулати од кои поаѓа новата Влада на надворешен план се забрзан напредок во евроинтеграцискиот процес, унапредување на односите со соседните држави и регионалната соработка, пораст на кредибилитетот на државата како членка на НАТО, засилување на стратешкото партнерство со САД и другите западни демократии, како и поцврст ангажман во насока на привлекување на странски инвестиции.

Слично

Поврзани вести