ФАКТОР НА ДЕНОТ: OJO му поднесе обвинение на Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана која со детето падна од зграда
ОЈО МУ ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ НА СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана Јованвоска и татко на Катрја. На него на товар му се ставаат три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, потоа Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик.
- Обвинетиот, на 2 март на повеќе локации во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ја поврeдил неговата сопруга.
Ја удирал со шлаканици и тупаници, нанесувајќи и телесни повреди, од кои таа во еден момент и изгубила свест.МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ПОДОБРО СЕ СПРАВИЛА СО ПОЖАРОТ ОД ШВАЈЦАРИЈА
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија подобро се справила од Швајцарија, во однос на пожарите во кои загинаа млади луѓе во дискотеки.
На 16 март 2025 година настрадаа 63 луѓе во кочанската дискотека „Пулс“, а на новогодишната ноќ на 1 јануари загинаа 41 лице во барот „Ле Констеласион“ во Кран-Монтана.
„Јас не сакам да бидам и да делувам некрофилски, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање, затоа што ако се спореди тоа што ние како Влада го направивме, со она што се случи во Кран-Монтана во Швајцарија, можам да кажам дека неколкукратно подобро се справивме. Во сите параметри, во сите споредби. За жал не постои начин да ги вратиме тие кои не се повеќе меѓу нас. Но, од аспект на системска реакција, кога ќе го споредиме тој настан, со оној настан што се случи во дискотеката во Кран-Монтана, Швајцарија, неколкукратно подбро, верувале или не, системот македонски, институциите македонски реагираа подобро, отколку системот во Швајцарија и институциите во Швајцарија. И тоа се бројки“, вели премиерот.СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ ПОВИКА НА МАСОВЕН ПРОТЕСТ
Утре е денот кога работниците повторно зборуваат. Колку ќе не слушнат зависи од нашата бројност. Ние ја имаме моќта на бројноста, тие ја имаат моќта на политиката, другите ја имаат моќта на парите, порача денеска претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов потсетувајќи ги работниците дека „вредноста на синдикалната минимална кошничка во овие 24 месеци е зголемена за повеќе од 10.000 денари, наспроти усогласувањето кое го дава Владата од 1.600 денари“.
- Барањето за зголемување на минималната плата за 200 евра е оправдано затоа што работниците во Македонија тонат во сиромаштија. Околу 160.000 работници според податоци од Управата за јавни приходи имаат плата под прагот на сиромаштијата или под 31.200 денари, истакна Трендафилов.
Тој повика работниците да ги поддржат своите семејства и да излезат на улица, а на тие што живеат од политика им порача да не доаѓаат.ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛОСНО ГО УНИШТИЛЕ ТЕРОРИСТИЧКИОТ РЕЖИМ ВО ИРАН
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп кажа дека е голема чест да се убиваат членовите на иранскиот режим.
Вели дека целосно го уништиле терористичкиот режим на Иран, воено, економски и на други начини.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
