ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО ќе гони три лица за пожарот на дивата депонија „Вардариште“
ОЈО ОТВОРИ ПОСТАПКА ЗА ПОЖАРОТ КАЈ „ВАРДАРИШТЕ“
Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи во изминатите два дена и извршени претреси на локацијата Вардариште по наредба на судија на претходна постапка, обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека три лица сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага и предложи на тројцата да им биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да продолжат да го повторуваат делото.ТАТКОТО НА ВАСИЛ ЈОВАНОВ НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА
Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, ја усмрти Фросина Кулакова.
Според Обвинението,Зоран Јованов,кој е воено лице, се товари дека му го дал автомобилот на Васил и покрај тоа што знаел дека нема возачка дозвола и дека претходно правел прекршоци.
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА МУ ОДГОВОРИ НА ФИЛИПЧЕ ЗА ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска како одговор на новинарско прашање изјави дека не го разбира предлогот на СДСМ за Декларација со „црвени линии“ за евроинтеграциите закочени од страна на Бугарија.
- По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии е апсурдно. Ние имаме Декларација и тоа неколку во Собранието и не беа почитувани. Ние дури референдумски резултат не почитувавме, а камоли црвени линии. Не разбирам што значи црвена линија во овој поглед, особено не ја разбирам аргументацијата дека „доколку сепак посегне соседот по вето, ние тогаш ќе ги прекинеме преговорите“. Да, ќе ги прекинеме преговорите и тоа му одговара на соседот, ама ќе го смениме Уставот по 37-ми пат, рече денеска претседателката.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
