ФАКТОР НА ДЕНОТ: OJO формираше тим од експерти кои вршат анализа на целокупното економско-финансиско работење на Онкологија
OJO ДАДЕ НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА
Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија.
-Со цел испитување на ваквите наводи, до овој момент од Клиниката е обезбеден обемен доказен материјал и документација која веќе е предмет на анализа. Се извлекуваат податоците со истории за третманот на групи пациенти кои примале биолошка терапија на Клиниката, како и медицински истории на уште околу 40-тина пациенти за кои се врши директна проверка на податоците за лекувањето.ВЛАДАТА ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ ГРАДИ ЧЕБРЕН
Како што соопштија од Владата, по повеќе од 30 години, донесена е одлука со која се предвидува реализација на најважниот енергетски проект во Северна Македонија, хидроцентралата Чебрен.
Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за животна средина и просторно планирање за Извештајот од евалуацијата на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија и изградба на хидроелектрични централи на Црна Река.СКАНДАЛОЗНИ НАСТАВНИ МАТЕРИЈАЛИ
По бурните реакции на социјалните мрежи, но и по објавите во медиумите за скандалозните работни ливчиња по предметото „Образовение за животни вештини“ наменети за средношколците, Бирото за развој на образованието (БРО) го избриша материјалот од својата веб страна.
Претходно, како што објавивме, материјалите можеа да се најдат на нивната веб страна, но сега нив ги нема.ЈОТОВА ОТВОРА УЧИЛИШТЕ НА БУГАРСКИ ВО АЛБАНИЈА
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, веднаш упати реакција на социјалните мрежи по информацијата дека потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, е во посета на Албанија пред пописот во оваа земја и каде треба да отвори училиште на бугарски јазик во Елбасан.
„БУГАРИ ВО АЛБАНИЈА НЕМА! ИМА САМО МАКЕДОНЦИ ОД КОИ НЕНАРОДНАТА ВЛАСТ СЕ ОТКАЖУВА!
Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината!РАЗРЕШЕНАТА ДИРЕКТОРКА НА ФИЛХАРМОНИЈА БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД МИНИСТЕРКАТА
Разрешената директорка на Филхармонија, Тина Иванова денеска се јави со реакција.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
