ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одобрено обвинението против четири лица за убиството на Вања и Панче
ЧЕТИРИ ЛИЦА ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ
Основен кривичен суд Скопје денеска преку соопштение информира дека се одбиени како неосновани приговорите на одбраната на обвинетите за случајот со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и обвинителниот акт се прифаќа во целост.
МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА
Премиерот Христијан Мицкоски најавува нова инвестиција во државата.
„По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД. Остварив средба со извршниот Потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра“, вели тој.ФРЧКОСКИ НЕМАЛ ПРОБЛЕМ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД АМБАСАДОРСКОТО МЕСТО
Македонскиот амбасадор во ОН, Љубомир Фрчкоски ги демантираше објавите во одреден дел медиуми откако бил повикан од МНР на консултации во Скопје.
„Во медиумите низ Македонија деновиве се шират лаги за финансиското работење на Постојана мисија на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк и за амбасадорот, професорот Љубомир Фрчкоски, со поднаслов „од извори на МНР“. Клучниот дел од тие лаги поранешниот министер, Бујар Османи, ги демантираше јавно нарекувајќи ги токму така „лаги“ ((https://www.mfa.gov.mk/mk/page/13/post/3473/fabrikata-za-lagi-prodolzhuva-da-shiri-manipulacii-i-netrpelivost), а се однесуваа на добиените пари за сукцесија на објектот на поранешната СФРЈ во Њујорк. Да потсетиме, конструкциите се однесуваа на тврдењата дека „амбасадорот со тогашниот Премиер прави матни зделки со тие пари и не ги внесува во буџетот каде законски припаѓаат“, се вели во неговата реакција.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Слично
