ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одобрено e во целост обвинението против сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН
ИМА ОБВИНЕНИЕ И ЗА АЛЕКСАНДАР НАЦЕВ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
Судот во целост го одобри и второто обвинение поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кое обвинет е сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН, Александар Нацев.
„Обвинителниот акт беше поднесен на 4 септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице, А.Н. кој се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје“, стои во соопштението на судот.
М-НАВ ЌЕ ЈА ПОЧИТУВА ОДЛУКАТА ЗА ВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА ШТРАЈК
Авиосообраќајот над македонското небо нема да биде прекинат в понеденик. Струковиот Синдикат на Контролори на Летање најавува дека ќе ја почитува одлука на Граѓанскиот суд со времена мерка за забрана на штрајкот, што овој Синдикат требаше да го реализира в понеделник од 10 до 15 часот, со запирање на сите полетувања и слетувања на Скопскиот и Охридскиот аеродорм и со намалено опслужување за 50 проценти на прелетите.
Сепак, најавија дека ќе ја обжалат одлуката и ќе побараат предметот повторно да биде вратен на рочиште за да ја изложат својата одбрана. Ќе се обратат и до Републичкиот судски совет и ќе поднесат претставка против судијката која го водела предметот.РУСИЈА ГИ УКИНА ЦАРИНИТЕ ЗА УВОЗ НА ГОРИВО
Рускиот вицепремиер Александар Новак денес изјави дека Русија ги укинала царините за увоз на горива, но дека засега не гледа потреба да купува нафтени производи од странство, објави руската телевизија „Росија 1“.
Како што објави Ројтерс, во некои руски региони има недостиг на бензин, а властите се принудени да ја ограничат продажбата на гориво по серијата напади од украински беспилотни летала врз рафинериите за нафта.
Новак додаде дека домашната побарувачка за нафтени деривати е во опаѓање.
„Ситуацијата е стабилна, а домашниот пазар е целосно снабден со нафтени деривати. Владата одлучи да ја укине увозната давачка“, истакна рускиот функционер.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
