ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одлука за кадровското решение во ЦУК ќе има на следната седница, Ангелов не се противи на разрешување
ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА АНГЕЛОВ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА НА СЛЕДНАТА ВЛАДИНА СЕДНИЦА
Одлука за кадровското решение во ЦУК ќе има на следната седница.
ТЕРМИН ЗА ПАСОШ ПО ИТНА ПОСТАПКА ЗА САМО ЕДЕН ДЕН
Термин за пасош по брза постапка според техничкиот министер за внатрешни работи се добива за само еден ден.
Имено, како што објави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат.
- Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден - се појаснува во денешното соопштение од МВР објавено на нивната веб страна.ТЕРОРИСТИТЕ ПО НАПАДОТ ВО МОСКВА СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ИЗБЕГААТ ВО БЕЛОРУСИЈА
Напаѓачите од Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија.
Оваа информација ја соопшти белорускиот претседател Александар Лукашенко. Тој денеска изјави дека напаѓачите кои во петокот убија повеќе од 130 луѓе во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија.
„Не можеа да влезат во Белорусија. Кога го сфатија тоа, ја променија рутата и тргнаа кон руско-украинската граница“, рече Лукашенко.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Граѓаните кои сакаат да купат јагне за празникот Велигден, ќе треба да потрошат околу 100 евра.
